19 Април, 2024
0.0332

КОИ ЌЕ БИДАТ НОВИТЕ МИНИСТРИ - почнуваат преговорите за пополнување на Илинденска

Објавено во: Македонија 04 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Можеби и досега разговараа далеку од очите на јавноста, но од денеска почнуваат и официјално преговорите за обезбедување на новото парламентарно мнозинство, како и за новата Влада.

Партиите, како што во повеќе наврати од нив побара и меѓународната заедница, ќе мора да постигнат договор и да обезбедат стабилна влада, која ќе оди по зацртаниот пат на евроинтеграциите. 

По изборите партиите неформално го опипуваа пулсот на политичката сцена, па се очекува во наредниот период да ги интензивираат контактите во насока на обезбедување на минимум 61 пратеник за добивање на мандат од претседателот Стево Пендаровски за составување на владиниот кабинет.

Паралелно ќе тече и поделбата на министерските места, како и одредувањето на кадровските решенија за тоа кој ќе седне во зградата на Илинденскса. Ќе се разговара и за директорските места на јавните институции, зависно од тоа кои партии ќе ја прават Владата.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со преговори за нова влада, како што најави и по изборите, ќе почне по Илинден. Во интервју за хрватскиот неделник „Национал“ пред десетина дена, тој рече дека СДСМ има убедливо најголем коалициски потенцијал. 

„Мандатот за формирање на нова Влада е кај СДСМ и коалицијата „Можеме“. Веднаш по празникот Илинден, ќе влеземе во процес на преговори за идно коалицирање и формирање состав на Влада“, рече тогаш Заев.

Тој најави дека ќе разговараат за коалицирање со сите партии што се подготвени да го прифатат европскиот, демократскиот, слободарскиот, напредниот концепт и патот што Северна Македонија го оди како земја членка на НАТО. За „структурите кои заговараат идеи различни од демократскиот и европскиот концепт“, како што рече Заев, не може да бидат дел од идната владејачка коалиција водена од СДСМ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пак, завчера во обраќањето по повод двата Илиндена од струшко Ташмаруништа, повтори дека „ќе учествува во натпреварот за формирање влада што се игра до последна минута“.

Мицкоски минатата недела рече дека не поддржува широка коалиција и смета оти таквата Влада ќе биде неефикасна, како што се покажало и докажало и со техничката влада. Во таа прилика истакна дека нема ништо конкретно околу преговорите за нова Влада и оти досега се сведува на „мерење на политичките сили“. Тој оцени дека не би се изненадил ако никој не успее да формира влада и не ја исклучува можноста за нови парламентарни избори наесен.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо