03 Јули, 2020
0.0258

Кои акции се „бест бај“ на нашата берза?

Објавено во: Економија 02 Декември, 2019

Седум акции на котирани компании за првите девет месеци најправија промети поголеми од еден милион евра. Пет од нив имаат значајни или големи растови на просечните пазарни цени во споредба со лани, а „Макпетрол“ е рекордер со раст од 52 отсто. Деветмината величествени се: „Комерцијална банка“, „Алкалоид“, „Макпетрол“, НЛБ Банка, „Гранит“, „Стопанска банка Скопје“, „Охридска банка“, ТТК Банка и „Стопанска банка Битола“ . Во групата „најжешки“ се акциите на шест банки и по една фармацевтска, градежна и трговска компанија

Седум акции кои се тргуваат на некој од сегментите на Официјалниот пазар на нашата берза за првите девет месеци годинава направиле промет поголем од еден милион евра, покажува официјалната статистика на пазарниот оператор. Инвеститорите во акции, преферирале да вложат над 53 милиони евра во период од девет месеци во седумте најтргувани акции на нашата берза.

„Комерцијална банка“ е најтргуваната акција на нашата берза. Нејзиниот промет за првите девет месеци е 13,9 милиони евра (од кои околу 2 милиони евра се влог на фирмата на Ванчо Чифлиганец н.з.). Просечната цена на акцијата на оваа банка пораснала за 11 отсто на годишно ниво. Нејзината нето добивка за првите девет месеци е над 21 милиони евра и тука е една од клучните причини заради кои оваа акција е „бест бај“ за првите девет месеци годинава.

Акцијата на „Алкалоид“ се бара и се цени како лек! Прометот со таа хартија од вредност достигна 12,1 милиони евра за девет месеци, а нејзината просечна годишна цена порасна за 35 отсто. Прометот на таа акција надмина 12 милиони евра, а добивката за 9 месеци е 12 милиони евра.

Во големата тројка се најде акцијата на најголемата трговска компанија во земјава „Макпетрол“. Оваа акција има најголем раст на популарноста. Доказ за тоа е што нејзината просечна годишна пазарна цена порасна за 52 отсто. Добивката на компанијата за првите девет месеци е 9,4 милиони евра колку што е прометот со таа акција за првите девет месеци.

НЛБ Банка е четврта најтргувана акција и втора банка во петте најтргувани акции на нашата берза. Прометот за првите девет месеци е 6,7 милиони евра, добивката е 23,7 милиони евра, а просечната годишна пазарна цена на таа акција пораснала за 17 отсто.

Најголемата македонска градежна компанија е петтата омилена акција на инвеститорите. Нејзиниот промет е 3,5 милиони евра за девет месецисо 27 отсто раст на просечната годишна пазарна цена. Нето добивката на „Гранит“ е 2,8 милиони евра .

Според официјалните достапни податоци во најтргуваните девет акции се и следните банки:


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Стравот од втор бран на коронавирус ги „урна“ цените на нафтата

Стравот од втор бран на коронавирус ги „урна“ цените на нафтата

Шведска сепак профитираше од тоа што не воведе карантин

Шведска сепак профитираше од тоа што не воведе карантин

Ова се топ три градови со најмногу милијардери

Ова се топ три градови со најмногу милијардери

Нова услуга од Халкбанк: Бесконтактно плаќање со Mastercard преку новата апликација HalkPay

Нова услуга од Халкбанк: Бесконтактно плаќање со Mastercard преку новата апликација HalkPay

Германија и покрај епидемијата ја зголемува минималната плата

Германија и покрај епидемијата ја зголемува минималната плата

Чифлиганец се мачи да го изгради најскапоплатениот дом за стари лица на Балканот?

Чифлиганец се мачи да го изгради најскапоплатениот дом за стари лица на Балканот?

КОГА НА КАФЕ СО ПРИЈАТЕЛИТЕ - Комисијата уште долго нема намера да попушти за протоколот

КОГА НА КАФЕ СО ПРИЈАТЕЛИТЕ - Комисијата уште долго нема намера да попушти за протоколот

СЕГА Е ПОБОГАТ ОД БИЛО КОГА: Koлку пари поседува најбогатиот човек на светот?

СЕГА Е ПОБОГАТ ОД БИЛО КОГА: Koлку пари поседува најбогатиот човек на светот?

Поради „тесните грла“ во бразилските пристаништа се вивна цената на шеќерот

Поради „тесните грла“ во бразилските пристаништа се вивна цената на шеќерот