28 Март, 2024
0.0260

КОГА СТЕ НА РЕСПИРАТОР НЕ МОЖЕТЕ ДА ЧИТТЕ ВЕСНИК - туку сте под анестезија и седативи

Објавено во: Македонија 11 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Габриела Митовска, медицински работник, вчера на својот фејсбук профил сподели предупредувачки пост за граѓаните кои не сакаат да носат маски и да ги почитуваат заштитните мерки. Таа укажа на какви маки се изложени болните од корона вирусот, кои мора да бидат приклучени на респиратор. 

За оние кои не знаат што значи да се биде на респиратор, го почнува таа својот пост.

„За почеток, респираторот не е кислородна маска ставена преку устата на пациентот, додека тој лежерно одмара и чита весник на болничкиот кревет.

Респираторната цевка се спроведува под анестезија и останува во вашата трахеа 2 до 3 недели, овозможувајќи ви да дишете во ритамот на белодробната машина. Нема да бидете во можност да разговарате, да кажете дали ве боли, да јадете или било што друго да правите затоа што вие сте тотално неспособни а машината живее и дише за вас.

Заради непријатностите и болката која ќе ја чувствувате, здравствените работници во континуитет ќе мораат да ви даваат седативи и лекови против болка, со цел да се осигураат дека вашата плуќа е толерантна на страното тело поставено во неа. Како да сте во вештачка кома.

После 20 дена од поставениот респираторен систем, младите пациенти ќе изгубат 40 отсто од својата мускулна маса, и ќе добијат траума на устата или гласните жици, како и можни белодробни или срцеви компликации.

Како резултат на ова, постарите или изнемоштени лица (баба ти, дедо ти, татко ти, мајка ти) нема да бидат во состојба да ги преживеат овие компликации“, пишува Митовска.

За разлика, пак, од респираторната машина, вели таа, маските за уста познати како заштитни маски, се продаваат во секоја аптека, чинат од 25-30 денари, не се интубираат, се носат без анестезија, не предизвикуваат белодробни трауми и ако се носат постојано спасуваат животи.

„Респиратор или маска? Ти одбираш што ќе носиш“, пишува Димовска.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија