29 Март, 2020
0.0307

КОГА СЕ ПРАЌА ПОЛИТИЧКА ПОРАКА ПРЕКУ ВАФЛА - што сакаше да каже Заев

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2020

Една вафла од асорттиманот на фабриката „Винчини“ носи интересно име, „премиер“, а неа вчера ја искористи првиот човек на СДСМ Зоран Заев, да им ја покаже на своето бројно членство и симпатизери, но веројатно реку неа сакаше да и испрати извесна јасна порака и до ривалската партија ВМРО-ДПМНЕ. А таа е дека тој планира да седне на премиерското столче откако неговата партија би победила на изборите на 12 април и би ја формирала новата Влада.

Инаку, лидерот на СДСМ и генералниот секретар на оваа партија, вчера ја посетија фабриката за кондиторски производи ,,Винчини “ односно Макпрогрес од Виница.

Тој на својот фејсбук профил сподели бројни фотографии од посетата, но и една која особено го предизвика вниманието на јавноста, со вафлата со име „премиер“. 

Воодушевени од фотографијата беа партиските членови, кои во последно време се повеќе ги фаќа предизборна еуфорија, па ја споделуваа преку социјалните мрежи и ја најавуваа победата на СДСМ на претстојните парламентарни избори.

Денеска бевме во посета на Макпрогрес, одлична македонска компанија којашто е еден од најголемите извозници и претставува гордост на сите граѓани. Преку 90 отсто од нивните програми одат за извоз носејќи девизни приливи на државата.

Во наредниот период очекуваме отворање на преговорите со ЕУ, а со тоа и отворање на европските фондови, кои на овие компании ќе им бидат поддршка за развој и дополнителна мотивација да вложат во нови машини, во нови капацитети, да го шират своето производство.

Макпрогрес е еден од најголемите извозници во нашата земја. Го поддржуваме домашното производство, тоа е најсилната гаранција за раст на економскиот стандард на граѓаните“, напиша Заев на својот фејсбук профил.

Можеби ќе ве интересира

Запалени нови контејнери во центарот на Скопје додека траеше полицискиот час

Запалени нови контејнери во центарот на Скопје додека траеше полицискиот час

Обвинителството ќе ја истражува смртта на стружанката од корона

Обвинителството ќе ја истражува смртта на стружанката од корона

По 17 дена, Филипче реши да одмори

По 17 дена, Филипче реши да одмори

Зетот на стружанката: Ни кажаа дека е позитивна на тестот откако почина

Зетот на стружанката: Ни кажаа дека е позитивна на тестот откако почина

Првиот битолчанец заболен од корона вирусот порачува да не му се верува на првото тестирање

Првиот битолчанец заболен од корона вирусот порачува да не му се верува на првото тестирање

По два дена заврши сагата, 106 лица конечно го напуштија Дебар

По два дена заврши сагата, 106 лица конечно го напуштија Дебар

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Најпрометните места во Скопје празни среде бел ден

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Најпрометните места во Скопје празни среде бел ден

Од понеделник на заболекар само ако имате болка што не се трпи

Од понеделник на заболекар само ако имате болка што не се трпи

Камерманот на „Медена земја“ снима во Вухан

Камерманот на „Медена земја“ снима во Вухан