19 Април, 2024
0.0307

Кога ми почина сопругот, близнаците имаа четири месеци, сама се борам со аутизмот на синот: Приказната на скопјанката Елена Јакимовска- Павлеска

Објавено во: Стил 23 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Еден нејзин обичен ден како самохрана мајка на близнаци е сосема различен од деновите на другите мајки, особено затоа што едниот син боледува од аутизам. Елена Јакимовска- Павлеска во 2014 година останала без својата најголема поддршка, нејзиниот сопруг кој починал кога Ведран и Огнен имале само четири месеци.

Денес, со многу труд и целосна посветеност од мајка му, Огнен оди во второ одделение, а брат му Ведран му е од голема помош. Во најтешките мигови, оваа храбра жена добила голема поддршка од нејзините најблиски, но сепак вели дека и покрај нив, се чувствува многу осамена без сопругот кој бил човек со големо срце. Елена е готвач по професија, за себеси вели дека сѐ може да постигне сама, но најголемата помош ја добива од својата мајка која и самата се бори со болест, канцер на бели дробови. Со насмевка на лицето, Елена е благодарна за секој нов ден, иако за неа деновите се полни со страв и неизвесност. Нејзиниот сон е да си замине од Македонија, а децата да ѝ пораснат во како што вели, општество кое ќе има слух и разбирање за различностите.

*Пријателите ве нарекуваат херој, мајка сте на близнаци, а едното дете за жал се бори со аутизам. Кога за првпат ги забележавте симптомите кај Огнен?

-Хм, херој....Не знам, можеби така ме чувствуваат. Тие кои ме познаваат вистински знаат зошто сум херој.. Зошто сѐ можам сама. Јас сум само една посебна мајка која се труди да е добар родител за своите деца. Ако воопшто постои тоа. Огнен и Ведран се родени во 27 недала, прематурни бебиња. Инкубатор, тоа е агонија која не ја посакувам никому.

Беа здрави деца кои растеа нормално, сѐ до моментот на вакцината DPT која ја примија на една година и седум месеци. Е, тука веќе медицината ги измеша конците, отровите си го направија своето. Од тој ден веќе нема здраво дете, нема ништо од Огнен. Празен поглед, не знаете што се случува.. Немате одговор на ниедно негово однесување, состојба. Со години плачете, ве боли и сопствената кожа на допир, не знаејќи дека во агонијата во која живеете е само удирање напразно... Од здраво дете имате осактено за цел живот. Мојот став и мислење е не за вакцина. Тоа е право на избор, не е присила и не е колективен имунитет, тој не постои. Дијагнозата аутизам Ф84 со сенсорни нарушувања, Огнен ја добива дури во 2017 година. Целото интервју прочитајте го ан Женски магазин.


Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре