19 Април, 2024
0.0266

КОГА И КАКО ЌЕ СЕ ДОБИЕ ТЕРМИН ЗА РЕВАКЦИНА СО АСТРАЗЕНЕКА ЗА ПОСТАРИТЕ ОД 60 ГОДИНИ: Министерството за здравство оваа недела ќе дефинира

Објавено во: Македонија 18 Мај, 2021

Добивај вести на Viber

Матичните лекари секојдневно се соочуваат со низа прашања од страна на нивните пациенти во однос на вакцинацијата против Ковид-19. Велат дека во последнава недела, дел од пациентите кои се над 60 години, а кои во март се вакцинираа во Србија, бараат од нив, како матични лекари да им обезбедат термин за ревакцинација во јуни, како што впрочем е и нивниот термин во Ниш или Белград, па и во некој од останатите вакцинални пунктови низ градовите во соседна Србија.

Но, истовремено, матичните лекари посочуваат дека не можат да им обезбедат термин за ревакцинација и дека во однос на ова прашање се уште не е разјасенто како ќе биде организирано примањето на втората доза од АстраЗенека за граѓаните над 60 години.

Фактор побара одговор од Министерството за здравство, од каде што ни беше посочено дека во текот на оваа недела сите работи околу термините за ревакцинација со АстраЗенека ќе бидат конкретизирани, но само за граѓаните над 60 години. Оние кои се помлади, односно под 60-годишна возраст ќе мора да одат повторно во Србија, бидејќи здравствените власти донесоа одлука АстраЗенека да не се аплицира кај оваа категорија граѓани.

-Граѓаните кои ја примија првата доза од вакцината Астра Зенека во Србија, имаат обезбедено и термин за ревакцинација. Секоја држава при вакцинација со првата доза, обезбедува и термин за ревакцинација. Помладите граѓани од 60 години нема да може да се вакцинираат со Астра Зенека кај нас, поради одлуката во која оваа вакцина во нашата држава се аплицира исклучиво на лица постари од 60 години, подочуваат од Министерството за здравство за Фактор.

Во однос на тоа каде ќе го добијат сертификатот по целосно вакцинирање, односно по примени две дози, од Министерството за здравство велат дека без разлика што граѓаните со првата доза се вакцинирале во Србија, ако тука бидат ревакцинирани, овој документ ќе им биде издаден во Македонија. Останатите кои вакцинацијата ќе ја завршат во Србија, таму ќе им биде издаден сертификатот.

-Сертификат за уредно извршена вакцинација издава државата во која се примени двете дози од било која вакцина. Сертификатот за уредно извршена вакцинација кој го издава нашето Министерство за здравство е прилагоден на препораките на ЕУ за непречено патување на нашите граѓани, истакнуваат од Министерството за здравство.

Од Министерството за здравство не одговорија дали на граѓаните кои се помлади од 60 години, а кои во март се вакцинираа со АстраЗенека ќе им биде понудена друга вакцина, но и да е така, дел од оние кои се вакцинираа во Србија за Фактор велат дека дефинитивно и втората доза ќе ја примаат во Србија, бидејќи не сакаат „коктел“.

-Можеби постојат некои клинички истражувања за мешање на вакцините, прва доза со една вакцина, втора доза со друга, но до сега не сме слушнале искуство од ниту една држава дека тоа се прави при имунизацијата на населението против Ковид-19. И да биде тука понудена друга вакцина, нема да прифатиме. Имаме термин за ревакцинација на 20.јуни во Ниш, па повторно ќе одиме во Србија, велат дел од граѓаните со кои разговараше Фактор.

Од страна на Министерството за здравство останува неодговорено и прашањето дали студентите од Македонија кои моментално се на студии во некои од европските земји, а кои во овој период ја примиле првата доза од Фајзер, ќе бидат ревакцинирани тука со таа вакцина, поради тоа што планираат да се вратат во земјава, зошто завршиле со испитите.

-Живеам и студирам во Франција, во петокот ја примив вакцината на Фајзер, а термин за втората доза имам дури после шест недели, зошто тука здравствените власти одлучија временскиот интервал да го зголемат меѓу две дози за да има што поголем број граѓани вакцинирани барем со една доза. Јас само што завршив со сите испити и планирам да се вратам во Македонија. Навистина не знам што да правам, односно дали ќе може втората доза од вакцината да си ја примам во матичната држава. Во Франција ќе се враќам кон крајот на август, вели за Фактор младиот студент, но за жал Министерството за здравство не даде конкретен одговор на ова.

Инаку, Македонија подготвува дигитален „зелен ковид-пасош“, освен што веќе се издава сертификатот кој веќе го содржи кодот.

- Спремни сме да воведеме зелен ковид пасош кога ќе се усогласи стандардот по кој тој треба да изгледа, велат од Министерството за здравство.

Анита Буховски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?