Коѕијас: Македонија да не чека членство во ЕУ и НАТО без договор за името
Објавено во: Балкан 19 Април, 2018
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас по добиената позитивна препорака од Европската комисија за Република Македонија да ги започне преговорите за членство во ЕУ јасно посочи дека крајната одлука ја носи Европскиот совет, а не комисијата и дека таму Грција ги има поставено своите веќе познати позиции.
Тоа значи дека Грција повторно ќе ја блокира Македонија, како во ЕУ, така и во НАТО, се додека не се реши спорот за името без оглед што двете страни ја зголемија бројката на меѓусебни средби и презедоа повеќе чекори за градење на доверба.
Коѕијас исто така тврди дека нема никакви шанси Македонија да стане членка на НАТО на самитот кој е планирано да се одржи во јули бидејќи е многу доцна за такво нешто. Македонија според него, се уште не ги прифатила грчките барања за промена на Уставот, како и за сеопфатна „ерга омнес“ употреба на новото договорено име меѓу двете страни.