11 Април, 2021
0.0214

По три и пол години, „Феро инвест“ на Кочо Анѓушев доби општински тендер

Објавено во: Економија 26 Февруари, 2021

По три години компанијата „Феро инвест“ каде мнозински сопственик е поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев доби  јавен општински тендер. Потпиша договор и за 23,7 милиони денари треба да изгради мала хидроелектрична централа за ЈП Комуналец - Кавадарци.  Договорот e објавен на 23 февруари на сисетомот на јавни набавки.

Претходно најголемата компанија на Анѓушев последениот тендер го доби во 2017 кога бизнисменот и професор на машинскиот факултет беше назначен за вицепремиер за економски прашања, но рече дека на истиот учествувал пред да биде одлучено дека ќе биде дел од Владата.

За јавната набавка која предизвика бурни реакции во јавноста рече дека била распишана во февруари уште пред да се знае дека тој ќе биде дел од новата влада. Тој додаде дека „Феро Инвест“ не само на овој тендер, туку нема да склучи ниту еден друг договор, каде што од другата страна ќе биде партнер државата.

– „Феро Инвест“ ќе си работи како што знае да работи на интернационалниот пазар. Фирмите 96 проценти извезуваат. Компаниите имаат 800 вработени кои и понатаму треба да продолжат да живеат и ќе бидат активни во економскиот живот во државата – рече Анѓушев, кој беше дел од Владата 

Десетина дена по напуштање на вицепремиерската функција, на почетокот од 2020 се врати на чело на своите компании. Беше вицепремиер две и пол години, а во пресрет на формирањето на техничка влада кажа дека имал усмен договор да биде функционер само еден мандат.

Клучната компанија околу која се вртат бизнисите на Анѓушев во која тој е ко-сопственик заедно со неговиот брат Тодор Анѓушев и со Никола Гравчев е ко-сопсвеник во машинската индустрија “Брако“ заедно со велешката фирма „Тргофер“. Анѓушев преку „Феро Инвест“ е ко-сопственик во уште 11 компании од кои 10 се регистрирани како производители на електрична енергија (станува збор за мали хидроелектрични централи н.з) и една компанија за технички прегледи, испитувања и анализи.

„Феро Инвест“ е компанија регистрирана за трговија на големо со други машини. Ова друштво во 2019 остварило приход од 5,6 милиони евра, што е за 79 отсто подобар резултат од 2018 година. Профитот на оваа компанија лани паднал за 13 отсто и изнесува 1,1 милиони евра.

А:К.


Можеби ќе ве интересира

МГ Фешн: На Холидеј Ин се проектира урбан и зелен комплекс и објекти со тројно намалена катност

МГ Фешн: На Холидеј Ин се проектира урбан и зелен комплекс и објекти со тројно намалена катност

КАНАДСКА МАГНА ЌЕ ГРАДИ НОВА ФАБРИКА ВО ТИРЗ СТРУГА - Деспотовски вели: Договорот е потпишан

КАНАДСКА МАГНА ЌЕ ГРАДИ НОВА ФАБРИКА ВО ТИРЗ СТРУГА - Деспотовски вели: Договорот е потпишан

НЕМА ВЕЌЕ МОНОПОЛ НА ПОШТЕНСКИОТ ПАЗАР - има интерес за нови лиценци

НЕМА ВЕЌЕ МОНОПОЛ НА ПОШТЕНСКИОТ ПАЗАР - има интерес за нови лиценци

Зоран Здравев поднесе оставка од функцијата член на Одборот на директори на „Европа“

Зоран Здравев поднесе оставка од функцијата член на Одборот на директори на „Европа“

ВИКТОР МИЗО: Поради падот на автомобилската индустрија во Европа, и во странските компании што работат тука ќе забават плановите за вработување

ВИКТОР МИЗО: Поради падот на автомобилската индустрија во Европа, и во странските компании што работат тука ќе забават плановите за вработување

ИДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ЗНАЕ - кој ќе биде моделот на обештетување на угостителите, теретаните и спортските центри

ИДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ЗНАЕ - кој ќе биде моделот на обештетување на угостителите, теретаните и спортските центри

Бектеши ги кажа своите очекувања за тоа дали угостителските објекти ќе бидат затворени уште две недели

Бектеши ги кажа своите очекувања за тоа дали угостителските објекти ќе бидат затворени уште две недели

Јапонски Nidek доаѓа во Нови Сад, вложувања од 1.5 милијарди евра, најмногу во Србија

Јапонски Nidek доаѓа во Нови Сад, вложувања од 1.5 милијарди евра, најмногу во Србија

Водечката петорка бизнисмени во раководството на Комората

Водечката петорка бизнисмени во раководството на Комората