КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ СЕ ПОФАЛИ: Завршија градежните активности на трасата Страцин - Крива Паланка
Објавено во: Економија 29 Ноември, 2024
Вечерва завршуваат градежните активности со финален слој асфалт на главната траса Страцин - Крива Паланка, објави синоќа директорот на ЈП Државни патишта.
„Зголеменото темпо на работа ,ноќното и зимското асфалтирање со адитив значително допринесоа во најбрз можен рок да биде под асфалт целата должина на главната траса на експресниот пат.
Дополнително се работи со забрзано темпо и на останатите градежни активности ,асфалтирање на пристапните патишта, мостовите и клучките долж целата траса“, напиша тој.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.