19 Април, 2024
0.0278

КОЦЕ ПРЕДЛОЖИ МЕРКИ ЗА АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО: Бара БЕГ и „Елем Енергетика“ да размислат за намалување на цената на парното!

Објавено во: Македонија 26 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска одржа работна средба со градоначалниците од скопскиот плански регион на која се разговараше за загадувањето на воздухот во градот и  во околината.

- Ги поканив сите 17 градоначалници од општините во скопскиот плански регион за да разговараме за аерозагадувањето, за главните причинители, како и за можните мерки што би можеле да ги предложиме или преземеме за да се справиме со оваа непожелна состојба. Воздухот не познава граници. Овој воздух сите го дишеме и токму поради тоа за проблемот со аерозагадувањето не треба да тераме политика. Ве повикувам сите заедно да работиме на решавање на овој предизвик – граѓаните, моите колеги градоначалници и сите надлежни служби да се ангажираме и да се вклучиме во заштитата на амбиентниот воздух од загадување – нагласи денеска градоначалникот Трајановски.

Трајановски наведе неколку предлози за кои градоначалниците од скопскиот плански регион разговараа на денешната средба.

- Разговаравме за можноста Градот Скопје, општините и централната власт да субвенционираат проширување на топловодната мрежа и вклучување на домаќинствата кон топловодната мрежа, како и за можноста сите станови во една станбена зграда без исклучок да бидат приклучени на мрежата за парно греење. Воедно апелирам до БЕГ и до „Елем Енергетика“ да размислуваат за намалување на цената на парното греење, за што со нив ќе разговараме на официјална средба. Со моите колеги градоначалници зборувавме да се вклучат во субвенционирањето на граѓаните за набавка на печки на пелети, како и да се изготви правилник за користење цврсти горива со кој во догледно време ќе се забрани употребата на нафта, јаглен и други недозволени материјали за затоплување на домаќинствата. Разговаравме за можноста општините да субвенционираат други видови загревање во домовите за што тие ќе направат анализа, како и можноста општините да се вклучат во субвенционирањето велосипеди и во изградбата на велосипедски патеки на улиците коишто се под нивна надлежност. Градот Скопје веќе изгради 2 велосипедски рути, а во годинава што е пред нас ќе се изградат уште две велосипедски рути од обемниот проект „СКОПЈЕ ВЕЛОГРАД 2017“. Со формирањето на новата Влада очекуваме итно да се објави тендерот за гасификација на Скопје. Од микромерките кои секојдневно ги спроведуваме ќе споменам дека ќе ги интензивираме контролите кај инсталациите кои подлежат на Б-интегрираните дозволи, а општините ќе ги контролираат помалите капацитети кои подлежат на Елаборатите за заштита на животната средина. Продолжуваме и со прскање на градските сообраќајници со средството калциум магнезиум ацетат, за контрола на ситната прашина. Градот Скопје годинава почна со субвенционирање печки на пелети, а за наредната година обезбедивме двојно повеќе пари за таа намена. Исто така, сакам да нагласам дека воведувањето пар-непар кај автомобилите како мерка за намалување на загадувањето од сообраќајот не е во надлежност на Градот Скопје, туку за таа мерка треба да се произнесат министерствата за внатрешни работи, за здравство и за животна средина и просторни планирање – рече Трајановски.

За потсетување, според податоците што се содржат во Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух на подрачјето на Скопскиот регион и во Краткорочниот план за квалитет на воздухот во Скопскиот регион што ги изработија Финскиот институт за метеорологија, Австриската агенција за животна средина, Градот Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање, во Скопје и скопскиот регион најголемото загадување со ПМ10 честички во воздухот потекнува од:

- загревање на домаќинствата – 32%,

- сообраќајот – 20%,

-прашина создадена од неуредените површини, уличната прашина и прашината од градежните активности - 19%,

- индустријата – 18%,

- сулфатни соли – 7%,

- нитратни соли – 2%, и

- прекуграничен пренос на загадувачки супстанции – 2%.

Можеби ќе ве интересира

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите