Коцарев: Нам насушно ни треба трет Илинден и расчистување со лажните државотворци
Објавено во: Македонија 01 Август, 2023
Македонија е пак поробена држава, вели претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев.
Вели дека таа е вазална, банана држава, неоколонијален феуд. Коцарев во своето излагање на конференцијата „120 години од Илинденското востание“ што се одржа денеска во Крушево, ден пред празникот Илиден говореше за тоа каде е Македонија денес. Рече дека за состојбата на „поробена држава“ се „исклучиво виновни дел од македонските политичари кои во изминативе 30 години поддржувајќи лукративни, сервилни и недостоинствени форми на владеење“.
Според него, на Македонија ѝ е потребен трет Илинден. „Идентитетството не смее да се доведе во прашање. Нам насушно ни треба трет Илинден. Нам ни треба, јас сум длабоко уверен, расчистување со лажните државотворци“, рече Коцарев. На конференцијата е промовиран и зборникот на трудови на 11 научници и историчари за прашањето за значењето на Илинденското востание. Македонија утре одбележува 120 години од Илинденското востание.