Кобна сообраќајка кај Струмица однесе во смрт 19 годишна девојка
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2019
Деветнаесет годишна девојка загина во кобната несреќа што се случила во раните утрински часови во саботата кон неделата.
Официјалните информации од полицијата во Струмица се дека настрадала деветнаесет годишна девојка со иницијали С.Т. во сообраќајката меѓу „Фолксваген шаран’’ со бугарски таблици и товарно моторно возило „ДАФ’’ кое било на радовишки таблици.
Возачот на автомобилот е префрлен во скопскиот клинички центар со сериозни повреди додека за возачот на товарното возило нема информација.
Трагедијата се случила близу село Радичево околу пет минути после 4 часот утринава а засега не е познато како дошло до незгодата.