18 Април, 2024
0.0247

Клучниот човек за македонската интеграција во ЕУ влегува во бизнисот со вино

Објавено во: Економија 05 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Драган Тилев, државниот советник на Секретаријатот за европски прашања, е нов член на Управниот одбор на „Винарска визба Тиквеш“. Најголемата винарија во Македонија ваквата одлука ја донела на 29 септември. Тилев инаку е познат во јавноста како експерт со меѓународни контакти зад себе кој најдобро ја познава технологијата на процесот на преговори со Европската Унија.

Тилев е државен советник за европски политики и координација, а особено е активен во јавноста со почетокот на претстојниот процес на билатерален скрининг со ЕУ и почетокот на усогласувањето на европското законодавство со македонското. Поранешниот советник во Министерството за надворешни работи ги следи преговорите со ЕУ кои формално се започнати со отворањето на Меѓувладината конференција

Тој во хиерархијата на Секретаријатот за европски прашања е веднаш под вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ. СЕП е основан како посебна стручна служба на Владата. Формирањето на Секретаријатот е резултат на потреби кои произлегуваат од интензивирањето на процесот на интеграција на земјата во ЕУ и исполнува неколку клучни надлежности во оваа стратешка цел.

Инаку минатата година за ВВ Тиквеш експорт импорт АД Кавадарци беше една од најуспешните со приходи од 2,1 милијарди денари, односно 34,3 милиони евра. Добивката на винаријата е 176 милиони денари, или безмалку 2,9 милиони евра.

Оваа година „Тиквеш“ откупи најголема количина грозје во однос на минатите години. Компанијата вчера соопшти дека во рамки на годинешниот откуп, заклучно со 30. септември, откупила рекордни 32 милиони килограми квалитетно грозје, што е близу една третина од целокупниот откуп во државата. При тоа, постигната е просечна откупна цена од над 15 денари за килограм, што е повеќе од 11 отсто повисока од минатогодишната. „Тиквеш“ потпишал околу 2.800 договори за партнерска соработка. 

Винаријата соопшти дека е сконцентрирана исклучиво на квалитетното грозје затоа што е насочена кон интернационална промоција и подобро позиционирање на виното на странските пазари. Според консолидираниот полугодишен биланс на успех, во првата половина на 2021 винарницата има за повеќе од 5 милиони евра поголеми продажби на странските пазари во однос на истиот период лани.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто