28 Март, 2024
0.0168

Клоп ја „лапна“ наградата за менаџер на месецот во Англија

Објавено во: Спорт 14 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше избран за бр. 1 во Премиер лигата за месец септември, во кој неговиот тим забележа три последователни победи над Лестер, Челзи и Хул Сити.

Ливерпул нанижа вкупно 11 погодоци против овие противници и ги натера своите приврзаници да сонуваат за титулата. 49-годишниот стратег е првиот Германец кој ја освојува наградата.

- Отидов кај своите помошници и им реков дека сме ја освоиле наградата Менаџер на месецот. Немам потреба од лични награди, но е убаво тоа што сега имам таква. Претпочитам да освојуваме поени, наместо вакви награди, прокоментира Клоп.

- Одиме по вистинскиот пат, но во првенството има толку многу добри тимови и не очекуваат тешки натпревари, за кои треба да сме подготвени. Се наоѓаме во добар момент и јас сум задоволен, но ни претстојат уште натпревари, во кои се надевам дека ќе се претставиме добро, додаде Јирген.

Конкуренти на Германецот за наградата беа Пеп Гвардиола (Манчестер Сити), Алан Пердју (Кристал Палас), Маурисио Покетино (Тотенхем) и Арсен Венгер (Арсенал).