19 Април, 2024
0.0305

Климатските промени нема да ги уништат пчелите, но ќе ја осиромашат трпезата

Објавено во: Македонија, Агробизнис 21 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Климатските промени ќе имаат негативни последици по пчелите, но нема да ги уништат, туку ќе ја осиромашат трпезата, затоа што единствено пчелата во природата врши опрашување на многу билки, тврди пчеларот Бранко Тасевски од кумановско, кој пет децении се занимава со одгледување на пчели.

Сепак климатските промени си го земаат данокот, а пчелите се жртви.

Вели дека последните пет години пчеларите забележуваат дека поради климатските промени, и неповолните временски услови, варира приносот на мед.

„Сега би требало да имаме снег, но снегот го нема. Годините веќе не се како порано, нема таков принос, иако јас и моето семејство повеќе од 50 години се занимаваме со одгледување на пчели. Опасност до тој степен да ги снема пчелите мислам дека нема да има, но за човекот трпезата ќе биде посиромашна. Од област до област, од подрачје до подрачје има разлика. Но, ние пчеларите сме тука, и доколку им треба храна, доколку ги нападне штетник,  им помагаме на пчелите да преживеат“, додава Тасевски.

Вели дека во минатото пчелите претрпеле многу непогоди, а со тоа верува дека ќе ги преживеат и климатските промени.

Сепак, на медоносните пчели им се заканува појава на нови причинители на болести.

За ублажување на последиците од климатските промени потребно е засадување на автохтони медоносни растенија како што се: мајчина душица, оригано, лаванда, кориандер, анасон,  жалфија, рузмарин, слез, копар и други.

Според статистички податоци пласирани лани, во земјава се евидентирани над 4.135 пчелари и деловни субјекти кои одгледуваат 73.960 пчелни семејства или 2,8 кошници на квадратен километар, а годишно се произведуваат 688.000 килограми мед или околу девет килограмиг мед по кошница. Македонскиот граѓанин троши само 0,5 килограми мед годишно во споредба со жителите на Словенија или Грција кои трошат 1,2, односно 1,6 килограми годишно по глава на жител.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден