20 Април, 2024
0.0260

Климатските промени ги сардисаа црешите

Објавено во: Агробизнис 18 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Нестабилното време и пониските температури кои ја погодија нашата држава не одат во корист на македонската цреша.

Дел од сортите на ова овошје беа погодени и од подоцните пролетни мразеви со што дел од родот е и уништен. Производителите на цреши велат дека сонцето е како храна за црешите, во моментов за нив тоа е најпотребно, но за жал во последните неколку денови го немаше.

„Климатските промени ги чувствуваат сите. Земјоделци, овоштари, сточари, пчелари. И оваа година пролетните мразеви и пониските утрински температури не беа добри за црешите. Исто така и моменталното неповолно време со малку сонце го забавува зреењето и тоа дополнително ќе ја отежни работата на овоштарите“, истакнува Кирил Михаилов производител на цреши од с.Вељуса, Струмица

Михаилов потврди дека на почетокот од месец мај започнал откупот кој се движел околу 70 денари за еден килограм цреши. Меѓутоа само по првите седум дена од откупот цената на црешата почнала да паѓа. Во текот на вчерашниот ден покрупната сорта на цреша се откупувала по 60 денари за килограм, додека ситната сорта на цреша се движела од 45-50 денари.

„Откупот за првите крупни сорти цреши започна како и секоја година на почетокот од мај. На самиот старт цената беше околу 70 денари, додека само по една недела од започнувањето на откупот цената падна на 40-50 денари за килограм цреши. Иако цената на откупот е помала од самиот старт и е околу 45 денари, ако се задржи оваа цена до крајот на сезоната, производителите ќе може да бидат задоволни,но да се задржи оваа откупна цена“, потенцира Михаилов.

Побарувачката на цреши скоро секоја година е иста, велат прозиводителите. Според нив, досега ниту една поголема фирма не покажала интерес за организиран откуп, најчесто тој се врши на улица од откупувачи, прекупци или трговци. Родот во најголем процент завршува на македонските пазари, а само мал дел од македонските цреши се продаваат на пазарот во  Косово.

Емиграцијата на младите и во овој дел од земјава се чувствува, бидејќи во минатото бројот на површини со цреши бил многу поголем во струмичко, отколку денес, истакнуваат овоштарите.  Луѓето кои одгледуваат цреши се во поодминати години и тие  неможат сами да работат на овоштарниците ниту пак дополнително да го зголемат бројот на црешови дрвја.

Н.М.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари