23 Април, 2024
0.0326

Kлетников: За Гоце Делчев има 300 аргументи дека нема врска со Бугарија

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

За Гоце Делчев има 300 аргументи дека нема врска со Бугарија, вели Ефтим Клетников од  „Македонски Манифест“ во интервју за Алфа. 

Вели дека Гоце Делчев јасно вели дека кој мисли дека Македонија треба да е со Грција, тој е лош Македонец, добар Македонец е тој што е за автономна Македонија. 

„И уште еден податок многу важен, со Гоце одел во четата најголемиот бугарски поет Пејо Јаворов, а тој единствено од Бугарите бил заљубен во македонизмот, кои денешните Бугари сакаат да го ништат. И тој одел во четата на Гоце и водел дневник за Гоце Делчев. И на едно место во тој дневник тој го цитира Гоце каде што вели – „Ќе огрее и над Македонија сонце, но нема да биде бугарско“. Само тоа доволно е да им се каже на Бугарите“, вели Клетников.

Спорот околу Делчев деновиве е многу актуелен. 

На оваа тема повеќе бугарски професори го кажаа својот став. 

Предлогот на Драги Ѓоргиев за паралелни гледишта за Делчев е апсурден, вели бугарскиот професор Кирил Топалов. 

Тој вели дека со ова Бугарија се става пред свршен чин. 

Додава дека Македонија сака да добие зелено светло за преговори  со Европската Унија, но позицијата на Македонија е иста. 

Гоце Делчев е и Македонец и Бугарин - тој е Македонец во регионална смисла и Бугарин во национална смисла, изјави потпретседателот на Мешовитиот комитет на историски и образовни прашања со Република Северна Македонија Доц. проф. Наум Кајчев.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП