25 Април, 2024
0.0352

Ќе воведе ли Македонија задолжителни транзитни ПЦР тестови: Филипче утре ќе даде предлог до Комисијата за заразни болести

Објавено во: Македонија 11 Август, 2020

Добивај вести на Viber

По случајот со авионот на Визер кој од Скопје слета во финскиот град Турку при што од 157-те патници, 24 биле позитивни на корона вирусот, министерот за здравство, Венко Филипче за Фактор потврди дека на утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе дискутираат за воведување мерка, задолжителни ПЦР тестови да имаат и граѓаните кои само транзитираат низ Македонија.

-Има ограничен број на часови за влез и излез од земјава и затоа засега не е потребен ПЦР тест, но на утрешниот состанок ќе се дискутира повторно ова прашање. Има многу можности за да вакви работи да се провлечат. Затоа, ќе разговараме утре и за транзитните ПЦР тестови, но сепак би ја почекале дефинитивната листа на 24 имиња, заради тоа што е суштински различно дали станува збор за наши државјани или државјани на Косово, рече министерот Филипче.

Инаку, во изјавата на министрот Филипче, што ја пренесува Министерството за здравство се наведува:

-Ниту еден од патниците којшто бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство финско и македонско не е на листата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, односно нема решение за изолација заради позитивен корона тест. Тоа што сега го чекаме после контактот кое нашето МНР го направи со амбасадата во Стокхолм - која амбасада ја покрива и Финска е листата со имиња - 24 патници кај коишто било констатирано присуството на вирусот, заради тоа што во авионот имало и други државјани, имало државјани на Косово коишто во нашата земја може да транзитираат без тест. Не само тие државјани на Косово, туку било кои други. Ова е еден мотив повеќе на утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести дискутираме дали евентуално и за граѓаните од соседните земји кои транзитираат треба да бараме ПЦР тестови“, потенцира министерот Филипче.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ не е сигурен во победа во вториот круг