09 Март, 2021
0.0274

ЌЕ ТИ ГИ УБИЈАМ И ЗАПАЛАМ ДЕЦАТА-ИНЦИДЕНТ ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА: Докторка жестоко вербално и физички го нападнала директорот Георгиев

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2020

Министерството за внатрешни работи денеска во својот дневен билтен информираше дека вработено лице во Клиничката болница во Штип пријавил во полиција дека бил нападнат од колешка исто така вработена во КБ Штип.

Нападнат е всушност директорот, д-р. Ален Георгиев, кој за Фактор го потврди инцидентот.

-Немилиот настан се случи пред неколку дена во мојата канцеларија. Јас цели десетина минути само седев, додека докторката вербално и физички ме напаѓаше. Десетина минути слушав страшни вербални закани и тоа кон моите деца. Се закануваше дека ќе ми ги убие децата, дека ќе ги запали, а при тоа и физички бев нападнат. Но, воопшто не изреагирав, пред се заради тоа што и станува збор за жена, посочува во изјава за Фактор, директорот на Клиничката болница Штип, д-р. Ален Георгиев.  

Тој истовремено посочи дека докорката С.П. работела со договор на дело до 10.ноември, кога сама си го прекинала договорот. Инаку, како што вели, таа работела само прва смена на Инфективното одделение и тоа не со пациенти, туку административни работи.

Од МВР во билтенот посочуваат дека по комплетирање на случајот, против С.П. до надлежното обвинителство ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Најавен е полициски час, денеска има нови 316 заразени со коронавирусот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Најавен е полициски час, денеска има нови 316 заразени со коронавирусот

Меџити се повлекува, повеќе не е координатор на пратеничката група на ДУИ

Меџити се повлекува, повеќе не е координатор на пратеничката група на ДУИ

Повеќе од 95.000 граѓани досега се избориле со коронавирусот

Повеќе од 95.000 граѓани досега се избориле со коронавирусот

Во телефонот на велешанец осомничен за „Јавна соба“ е најдена детска порнографија

Во телефонот на велешанец осомничен за „Јавна соба“ е најдена детска порнографија

Во Македонија регистрирани нови 316 заразени со коронавирусот

Во Македонија регистрирани нови 316 заразени со коронавирусот

Македонците и понатаму нема да можат да патуваат во Грција

Македонците и понатаму нема да можат да патуваат во Грција

Власта смисли функција за главниот на ДУИ во Битола

Власта смисли функција за главниот на ДУИ во Битола

ДВЕ НЕДЕЛИ ПОЛИЦИСКИ ЧАС: Филипче образложи зошто ќе има забрана за движење од 22 до 05 часот

ДВЕ НЕДЕЛИ ПОЛИЦИСКИ ЧАС: Филипче образложи зошто ќе има забрана за движење од 22 до 05 часот

Мијалков со Коневски и семејството на судење за „Тортура“

Мијалков со Коневски и семејството на судење за „Тортура“