29 Март, 2024
0.0246

ЌЕ СЕКНЕ ДАНОКОТ ОД ОБЛОЖУВАЛНИЦИТЕ - класичните не работат, интернет игрите уште ги нема

Објавено во: Финансии 08 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Лани граѓаните на земјава дале вкупно 200 милиони евра за да уплатат ливче во некоја од спортските обложувалници во земјава.

Но, оваа година тој износ сигурно ќе биде помал, бидејќи обложувалниците веќе не работат два месеци, а не се знае ниту кога ќе бидат отворени.

Граѓаните лани просечно по тикет уплаќале по околу 200 денари. Ова значи дека имало многу што уплаќале ливче од по 50 денари, но и такви што „ставале“ поголеми суми.

Додека, пак, лани обложувалниците во вид на добивки им исплатиле на играчите сума од 150 милиони евра. Или во превод, кај обложувалниците останале како „ќар“ 50 милиони евра.

Лани во спортските обложувалници биле уплатени голем број ливчиња, или 62,7 милиони тикети, говорат официјалните податоци на УЈП.

Државата, пак, од данок од приредувачите на игри на среќа во 2019 година се офајдила со околу 24 милиони евра, потврдуваат од УЈП.

Она што изненадува, е што во 2017 година на пример, обложувалниците по основ на задржан персонален данок на доход од исплатени добивки спрема играчите платиле износ од 38,8 милиони евра. Или, во 2019 година наплатениот данок во однос на 2017 е помал за 15 милиони евра. Зошто е така, не е јасно. Неодамна министерката за финансии Нина Ангеловска изјави дека годишно оваа индустрија му носи на државниот буџет по 30 до 40 милиони евра.

Оваа година, пак, државата сигурно ќе наплати уште помала сума од игрите на среќа, со оглед што од 15 март обложувалниците и казината престанаа да работат, а сега, иако оттогаш се поминати речиси два месеци, тие се уште не се отворени и не се знае кога тоа ќе се случи. Интернет игрите на среќа, како што велат од УЈП, се уште не се организираат. Затоа не се знае колку пари оваа дејност годинава ќе донесе во буџетот, но таа сигурно ќе биде многу помала во споредба со остварените приходи од лани. 

Можеби ќе ве интересира

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

Комерцијална банка прогласена за „Најдобра банка за 2024 година“ од магазинот Global Finance

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

„Измамник кој се претставуваше како добар човек“: Сем Бенкмен осуден на 25 години затвор - украл над 8 милијарди долари од клиентите

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап