ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ СИТЕ НАД 30 ГОДИНИ - Јужна Кореја „пресече“ за АстраЗенека
Објавено во: Свет 11 Април, 2021
Јужна Кореја продолжува со вакцинацијата на лица под 60-годишна возраст со вакцината на АстраЗенека.
Корејската агенција за контрола и превенција на болести (КДЦА), соопшти дека на лицата помлади од 30 години нема да им се дава оваа вакцина.
Агенцијата, претходно неделава, објави дека ја прекинува употребата на вакцината на АстраЗенека за лица помлади од 60 години, по извештајот на Европската агенција за лекови (ЕМА) дека постои поврзаност со случаите на тромбоза.
Здравствените институции во Јужна Кореја ги испитаа материјалите на ЕМА околу ова прашање и заклучија дека придобивките од вакцината се поголеми од можните несакани ефекти.
Донесена е одлука да не се користи вакцината на АстраЗенека кај лица на возраст под 30 години без хронични болести, бидејќи, според ЕМА, ризикот од појава на несакани ефекти ги надминува можните придобивки од вакцинацијата.