Ќе се пролонгира почетокот на учебната година најмалку до средината на септември
Објавено во: Македонија 14 Август, 2020
Пролонгирање на почетокот на учебната година најмалку до средината на септември најави заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска во интервју за Сител.
Рокот за почеток на учебната година ќе биде пролонгиран. Тоа не е толку страшно, бидејќи гледаме дека во Хрватска школскаата година почнува од 7 септември. Во очекување сме Собранието по формирањето на Владата како приоритет да го земе изгласувањето на законските измени, за да може од средината на септември да почне и новата учебна година“, изјави Наумовска.
Според неа главен проблем е тоа што треба да се измени Законот за образование.