20 Април, 2024
0.0264

ЌЕ СЕ ЛЕГАЛИЗИРААТ ДИВОГРАДБИ ГРАДЕНИ 10 ГОДИНИ: Еднаш законот не пројде, сега кројат нов

Објавено во: Економија 21 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Во новиот закон за легализација кој сега го подготвува Министерството за транспорт и врски откако еднаш годинава под притисок на јавноста и откако утврди дека е неуставен, претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот, ќе се опфатат објекти кои се изградени од март 2011 до пред јануари 2021 година, односно во последните десет години. Известувањето дека се прави законот веќе е поставено на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), како што потврди вчера и министерот за транспорт Благој Бочварски, но целосниот текст на законот како документ не е прикачен. Рокот за конечната верзија е 31 август годинава, а во неа треба да влезат сите коментари од правници, од невладини организации или од засегнати страни. Додека министерот уверува дека ќе се добие добро решение, јавноста не е убедена дали ова ќе биде закон коејнема да легализира објекти изградени со криминално стекнати пари, па и објекти со кои се прави нееднаковост и се дава амнестија на незаконски дејства, каков што беше законот претходно. Во објавата стои дека бесправно изградените објекти кои нема да ги исполнат условите за легализација по законот ќе бидат отстранети.

„Целта на законот е регулирање на статусот на бесправно изградени објекти кои се изградени пред 1 јануари 2021 година при што објектите кои ќе ги исполнат законските услови ќе се запишат во Катастарот на недвижности, а објектите кои нема да ги исполнат законските услови се предвидува да бидат отстранети, предвидува законодавецот.

Министерот Бочварски рече дека веќе два месеци разговарале со засегнати страни и уверува дека со новото законско решение целосно се отстранети сите слабости на се она што било забелешка и на асоцијациите и на граѓаните.

„Ние ги направивме сите консултации, почнувајќи од 25 мај до денес, веќе два месеци разговараме со сите засегнати страни, потоа законот ќе се дискутира и на седница на Влада, а потоа ќе оди во Собрание по редовна постапка и ќе се дискутира во Собрание, така што сметам дека преуранети се сите дискусии и не би сакал пред да се објави законот да дискутирам за кое било прашање, не заради тоа што нешто криеме туку заради тоа што сметаме дека треба да излезе во процедура, а потоа да можеме член по член да дискутираме за овие законски одредби и постапки – рече Бочварски.

По стартиот закон кој се однесува за легализација на бесправно изградени објекти до 3 март 2011 година моментно се чека изгласување на нов рок за легализација кој е продолжен до 2026 година. 

Владата на крајот на мај донесе одлука за повлекување на Предлог-законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти и најави изработка на нов предлог-закон. Претходно претседателот Стево Пендаровски на 14 мај го извести претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, дека одлучи да не го потпише Указот за прогласување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти. Пендаровски сметаше дека законот беше неуставен.

„Мојата одлука да не го потпишам Указот за прогласување на Законот ја донесов врз основа на детална анализа на текстот на Законот, при што утврдив дека текстот на Законот е во спротивност со некои од темелните вредности на Уставот, како и со уставни одредби кои произлегуваат или се во врска со темелните вредности на Уставот. Исто така, сметам дека текстот на Законот нема општествена оправданост односно не е во насока на заштита и промоција на јавниот интерес, што е основна задача на секоја институција на јавната власт. Убеден сум дека усвоениот Закон не само што ги става граѓаните во нееднаква положба, привилегирајќи ги оние кои не ги почитувале правните прописи на штета на совесните граѓани кои при градење на објекти постапувале во согласност со важечките прописи, туку, уште повеќе, стимулира непочитување на правните прописи. Стимулирањето на непочитувањето на правните прописи нанесува трајна штета на сите напоринашата држава да ја изградиме како демократска држава заснована врз владеењето на правото и почитувањето на правата и слободите на човекот и граѓаните, напиша Пендаровски

А.Т.

фото МИА

Можеби ќе ве интересира

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ