20 Април, 2024
0.0297

ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИТЕ: Колку стогодишници живеат во Македонија?

Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Во земјава има повеќе од 2.000 луѓе кои навршиле 100 години.

Во моментов во државата има 2.040 државјани стогодишници, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи. Пракса Златковска од селото Дулица во близина на Македонска Каменица е една од најстарите жители во земјава. Таа има 103 години, но со текот на годините го изгубила видот. Нејзините блиски сметаат дека генетиката има голем удел за должината на животниот век.

„Мило ни е што жената доживеа длабока старост. Луѓето се чудат кога ќе слушнат колку години има. Ја посетуваме во селото, таа е свесна, со неа може да се направи муабет, но не гледа оти го изгуби видот поради старост. Таа вели дека порано јаделе здрава храна, а не како ние денес. Баба ми си живее во селото, и не се плаши од коронавирусот затоа што не ни чула за него. Во селото има уште еден жител маж кој има стотина години, а другите жители се на возраст од 50, 60 до 70 години. Дулица има стотина куќи, но тие се расфрлани, не се блиску една до друга“, вели нејзиниот внук Оливер Стојковски.

Жените имаат подолг животен век од мажите. Според податоци на Евростат,  мажите во Македонија во просек живеат 74,6 години, додека жените имаат четири години подолг животен век, односно 78,8 години. За две години е зголемен животниот век на граѓаните во Македонија, покажуваат податоците на Евростат кои се однесуваат на периодот до 2009 до 2018 година.

Kaзафер Емруловски од селото Броштица во западна Македонија, наставник кој воедно е хроничар во овој крај, раскажува дека има жители кои доживеале длабока старост, а сега во Броштица најстариот жител има 90 години.

„Во Центар Жипа има жители кои се околу 90 или над 90 години, но стогодишен жител сега нема“, рече тој.

Очекуваниот животен век на граѓаните во Македонија е 76,7 години.

КОЛКУ ЖИВЕАТ ЛУЃЕТО ВО РЕГИОНОТ И ЕВРОПА ВО ПРОСЕК?

Во регионот, најдолг животен век имаат имаат Грците со 81,9 години и  Словенците со 81,5 години. Просечниот очекуван животен век на граѓаните на Албанија е 78,9 години, на Црна Гора 76,9 години, а во Србија 75,7 години. Најмал очекуван животен век има во Бугарија - 75 години. Повеќе од 1.000 стогодишници живеат во Босна и Херцеговина. Точниот број на стогодишници во БиХ е 1.149, од кои 820 се жени, а 329 се мажи, објавија локалните медиуми според информациите со кои располага државната Агенција за идентификација на документи, евиденција и размена на податоци. Повеќето од нив живеат во областа на градот Сараево, и тоа 195, односно 131 жена и 64 мажи.

Просечниот животен век во Европската Унија (ЕУ) е 81 година. Најдолг животен век имаат луѓето во Швајцарија - 83,8 години,  а потоа се Италијанците со просечен животен век од 83,4 години, Исланд и Франција со 82,9 години и Норвешка со 82,8 години.

Сања Атанасовска

foto freepik

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите