04 Август, 2020
0.0366

ЌЕ СЕ ИЗНЕНАДИМЕ ОД БРОЈОТ НА НОВОЗАРАЗЕНИ: Неофицијално денеска има помалку и од вчера, базените се отвораат и за рекреaтивци

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2020

Денеска бројот на новозаразени со корона вирусот е помал и од вчерашниот, велат извори од Комисијата за зарзни болести, нагласувајќи дека резултатите се неофицијални. Во Скопје, кој се уште се смета за главно жариште на епидемијата со Ковид, денеска се регистрирани само 18 новоинфицирани во Центарот за јавно здравје, за разлика од вчера кога имаше 26. Се чекаат резултати и од останатите лаборатории, но, од Комисијата не очекуваат драстично поголеми бројки.

По падот на епидемиолошката крива, Комисијата за заразни болести даде препорака за отворање на вратите на базените и за рекреативно пливање, не само за спортските клубови.

-Сметаме дека конечно може да бидат отворени базените и за рекреативно користење, но секако со максимално почитување на протоколите и мерките за заштита. Препорака дадовме и за користење на плажите, но истовремено сметаме дека во случај да се прекршуваат воспоставените безбедносни мерки, мора да има казнувања, што е работа првенствено на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и на МВР, појаснуваат за Фактор од Комисијата за заразни болести.

Оттаму велат дека се уште не даваат препорака за отворање на Аквапарковите, каде што има голема фреквенција на граѓани кои при такви летни активности едноставно не може да одржуваат да го одржуваат потребното безбедно растојание, доволно, за да не се дозволи ширење на вирусот.

А.Б. 

Можеби ќе ве интересира

ХУМАНОСТ: Вработените во Иутекредит даруваа крв

ХУМАНОСТ: Вработените во Иутекредит даруваа крв

(ФОТО) НЕКОИ ЗА ПРВ ПАТ СТАПНАА ВО СОБРАНИЕТО, ДРУГИ СЕ ОДОМАЌИНЕТИ, ТРЕТИ ЌЕ БИДАТ МИНИСТРИ - пратениците влегоа во Парламентот

(ФОТО) НЕКОИ ЗА ПРВ ПАТ СТАПНАА ВО СОБРАНИЕТО, ДРУГИ СЕ ОДОМАЌИНЕТИ, ТРЕТИ ЌЕ БИДАТ МИНИСТРИ - пратениците влегоа во Парламентот

КОИ ЌЕ БИДАТ НОВИТЕ МИНИСТРИ - почнуваат преговорите за пополнување на Илинденска

КОИ ЌЕ БИДАТ НОВИТЕ МИНИСТРИ - почнуваат преговорите за пополнување на Илинденска

ОД ДЕНЕСКА ПА ВО СЛЕДНИТЕ ТРИ ДЕНА - исплата на социјална и детска заштита

ОД ДЕНЕСКА ПА ВО СЛЕДНИТЕ ТРИ ДЕНА - исплата на социјална и детска заштита

ВО СОБРАНИЕ ДЕНЕСКА НЕМА НИ РУЧЕК НИ КАФЕ - мора да се почитуваат мерките за заштита

ВО СОБРАНИЕ ДЕНЕСКА НЕМА НИ РУЧЕК НИ КАФЕ - мора да се почитуваат мерките за заштита

УСПЕШНИ ТРАНСПЛАНТАЦИИТЕ НА БУБРЕЗИ: Двајцата пациенти закрепнуваат на Клиниката за урологија

УСПЕШНИ ТРАНСПЛАНТАЦИИТЕ НА БУБРЕЗИ: Двајцата пациенти закрепнуваат на Клиниката за урологија

Денеска продолжува потрагата по 16 годишното момче

Денеска продолжува потрагата по 16 годишното момче

Време е за големи попусти, време е за чистка: Дали сте подготвени за Garage Sale?

Време е за големи попусти, време е за чистка: Дали сте подготвени за Garage Sale?

ЕВЕ КАКВО ЌЕ БИДЕ ВРЕМЕТО: Денеска жешко, од утре ќе се изладиме

ЕВЕ КАКВО ЌЕ БИДЕ ВРЕМЕТО: Денеска жешко, од утре ќе се изладиме