05 Октомври, 2022
0.0224

ЌЕ СЕ ГРАДАТ ФИЛМСКИ СТУДИЈА ВО СКОПЈЕ И ВО НИВ ЌЕ СЕ СНИМААТ ХОЛИВУДСКИ ФИЛМОВИ - познатата ѕвезда Џон Малкович со интересна најава

Објавено во: Свет 09 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Познатата американска филмска ѕвезда Џон Малкович најави дека во Скопје ќе се снимаат холивудски филмови, веднаш откако ќе се изградат повеќе филмски студија во околината на градот во рамки на проектот „Скопје технолошки парк“.

– Би сакал да ги поздравам моите македонски пријатели и да ви кажам колку сум возбуден што ќе соработувам со своите колеги професионалци Д.В. Мафет и Мет Дилон на создавање филмско, музичко и медиумско студио од холивудски калибар, со сертификат за еколошка градба во Скопје. Прво студио од ваков тип на целиот Балкан, изјави Малкович за МРТ.

Тој најави дека ќе го посети Скопје веднаш откако Владата ќе го одобри проектот „Скопје технолошки парк“.

-Решивме да го наречеме проектот „Стоунбриџ студија“ во чест на богатата култура и неверојатната историја на македонскиот народ, истакна Малкович.

Порача дека како балканец по потекло му придава специјално значење на овој проект.

– Возбудени сме не само затоа што ќе работиме и ќе снимаме холивудски филмови во Скопје, туку ќе помогнеме уште повеќе да се зајакне балканскиот филм, како и музичките и уметничките заедници на секој можен начин. Цврсто верувам дека проектот ќе биде од клучно значење за земјата и ргионот, рече Џон Малкович.

Тој деновиве е во посета на Србија, кеде што вечерва во Феликс Ромулијана, римско наоѓалиште покрај Зајечар, ќе глуми во претставата „Пеколна комедија – исповед на серискиот убиец“.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Момче запроси девојка за време на натпревар, а таа бесна му удри шлаканица

(ВИДЕО) Момче запроси девојка за време на натпревар, а таа бесна му удри шлаканица

Какво унапредување доби Кадиров од Путин?

Какво унапредување доби Кадиров од Путин?

(ФОТО) ГРАДОТ Е ХОРОР: Зеленски објави фотографии од уништениот Лиман

(ФОТО) ГРАДОТ Е ХОРОР: Зеленски објави фотографии од уништениот Лиман

ПЛАЌААТ И ПО 100 ЕВРА НА ДЕН: Русите бегаат од мобилизација и заминуваат во Белорусија

ПЛАЌААТ И ПО 100 ЕВРА НА ДЕН: Русите бегаат од мобилизација и заминуваат во Белорусија

РУСИТЕ ТВРДАТ: Ги запревме Украинците во пробивот кај Керсон - Од утрово нема нови движења

РУСИТЕ ТВРДАТ: Ги запревме Украинците во пробивот кај Керсон - Од утрово нема нови движења

Тројца научници добитници на Нобеловата награда за хемија за „генијална“ алатка за градење молекули

Тројца научници добитници на Нобеловата награда за хемија за „генијална“ алатка за градење молекули

Си-Ен-Ен: Путин назначува „вршители“ на четири анектирани украински региони, што е во спротивност со меѓународното право

Си-Ен-Ен: Путин назначува „вршители“ на четири анектирани украински региони, што е во спротивност со меѓународното право

Лајен: ЕУ да ја ограничи цената на гасот и да ја заштити инфраструктурата

Лајен: ЕУ да ја ограничи цената на гасот и да ја заштити инфраструктурата

Џорџ Фридман: Што ја тера Русија да мисли дека може да победи во војната?

Џорџ Фридман: Што ја тера Русија да мисли дека може да победи во војната?