19 Април, 2024
0.0279

ЌЕ РАСТАТ ЦЕНИТЕ НА МАСЛОТО И ЛЕБОТ: Дали граѓаните имаат „кондиција“ за нови поскапувања?

Објавено во: Економија 13 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Ќе скокнат цените на лебот и маслото за јадење. Граѓаните ќе се соочат со нови поскапувања.

Сега има драстично зголемување на цените на пченицата на светските берзи. Цените на сончогледот на светските берзи исто така брзо растат и од компаниите кои се занимаваат со производство на масло, веќе не е можно да се издржи ни со сегашната продажна цена во Македонија. Дел од пекарниците веќе ги зголемиле цените на лебот и белите печива, а дел тоа ќе го сторат во наредниот период. Пекарниците во внатрешноста на земјата уште се со старите цени, и велат дека лебот ќе поскапе за 2 или 3 денари. Објаснуваат дека целокупниот амбиент со поскапување на брашното, горивата, и ред други работи, водат кон тоа и тие да ги зголемат цените на производите. Сето ова ќе ги „удри“ по џеб граѓаните, кои ќе мора да одвојат повеќе пари месечно за задоволување на потребите.

„Порастот на просечното ниво на цени е резултат на експанзивната монетарна и фискална политика, насочени кон задржување на економскиот раст и вработеноста во услови на криза. За разлика од цените кои имаат тенденција на раст, нивото на плати и натаму останува исто. Во вакви околности, со оглед на тоа што ценовната еластичност на побарувачката за есенцијални добра, како што се лебот и маслото за јадење, е мала, порастот на цените на овие производи неминовно води кон зголемување на нееднаквоста во распределбата на доходот и продлабочување на јазот помеѓу богатите и сиромашните. Порастот на цените есенцијалните добра највеќе ги засега најсиромашните слоеви на населението и ранливите групи на граѓани. Оттука, макроекономските политики на државата треба да бидат насочени токму кон заштита на овие категории на лица, со цел подобрување на целокупното ниво на животен стандард и квалитет на живот во земјава“, вели м-р. Мартин Новески, претседател на Здружение на економисти, статистичарии економетричари СИГМА СТАТ Скопје.

И претходно во неколку наврати имаше поскапување на маслото за јадење, чија цена скокна и до 100 денари. Во земјава трошоците за живот растат. Граѓаните велат дека луѓето со повисоки примања нема да ги почувствуваат поскапувањата, но за работниците со минимални плати ќе биде најтешко.

„Нормално дека таа тема не засега и тоа многу. Тешко дека некој ќе ги натера газдите во приватен сектор да ги зголемат платите. Треба да се зголемат платите, или ако тоа не е можно,  да се преземат мерки цените да стагнираат, да не дојде до нивно зголемување. Цената на маслото за јадење извесно време поскапува, и тоа е  нешто најнеопходно за секое домаќинство“, коментираат граѓаните.

Трошоците на животот во август годинава се за 0,6 отсто повисоки во однос на јули 2021, а цените на мало скокнале за 0,4 проценти. Споредено со август 2020 година, пак, трошоците на животот имаат зголемување од 3,6 отсто, а цените на мало за 4,9 проценти.

Како што објави Државниот завод за статистика, поскапување има кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 15,8 отсто, сирењето и урдата за 1,1, месото за 0,9, лебот и житата за 0,7, млекото за 0,6, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,3, како и прехранбените производи, неспоменати на друго место, жестоките пијалаци за 0,2 отсто. Во јуни просечната плата во Македонија изнесувала 28.744 денари. 

Сања Атанасовска

foto unspash.com

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб