19 Април, 2024
0.0307

ЌЕ ПРОИЗВЕДУВА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНО СТАКЛО - почна со работа македонско-холандска компанија

Објавено во: Економија 08 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Денеска беше одбележан почетокот со работа на македонско-холандската компанија „Глас Флекс“ во Технолошко-индустриската развојна зона Тетово.

Станува збор за производствен капацитет со македонско-холандски капитал во кој ќе се произведува калено, ламинирано и други видови специјални стакла.

Фабриката „Глас Флекс“ има објект од 8.500 метри квадратни, а ќе се произведува калено, ламинирано и друг вид специјализирано стакло.

„Фабриката е со најмодерна линија за производство на стакло единствена на Балканот, која користи најмодерна технологија со целосно автоматизиран процес. Се работи претежно за извоз, 80 проценти од производството се продава на пазарите на поранешните југословенски републики и западноевропските држави“, изјави Гоце Пешов, менаџер во „Глас Флекс“.

Фабриката денеска ја посети министерот за економија Крешник Бектеши.

„Чест ми е изадоволство што за само една година од кога беше потпишан договорот преку приватен партнер кој управува со Слободната економска зона токму овде во општина Тетово и со инвеститорот ‚Глас Флекс' денеска да имаме можност да го одбележиме почетокот на работата на овој производствен капацитет, којшто ќе вработи скоро 300 граѓани од тетовскиот регион и неговата околина. За мене е уште поважно дека токму во овој период на пандемија, Владата, Министерството за економија и сите други институции кои се поврзани со создавањето на условите за развој на слободни економски зони, дадоа се од себе да не запре работата и денес имаме можност да видиме како започнува производството на првите производи кои главно ќе бидат наменети за извоз“ истакна Бектеши.

Бектеши потсети дека во изминатите години се донесени низа законски решенија и мерки се со цел привлекување на нови странски инвестиции и подобрување на условите за работа на постоечките инвеститори.

Можеби ќе ве интересира

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“