20 Април, 2024
0.0264

ЌЕ ПОЕВТИНАТ ЛИ ПЛАТЕЖНИТЕ УСЛУГИ - законските измени ќе ја зголемат конкуренцијата, а се воведуваат и новини во начините на плаќање

Објавено во: Финансии 18 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Поевтинување на платежните услуги, зголемување на конкуренцијата на пазарот, како и употреба на електронски пари - кои не се криптосредства, се дел од новините кои ги носи Законот за платежни услуги и платни системи чија примена започна со почетокот на годинава. Со измените се очекува збогатување на сетот платежни услуги, но и отворање на пазарот на платежни услуги за нови даватели на платежни услуги. Очекувањата се дека правните лица кои ќе ги исполнат условите ќе може да се стекнат со дозвола за давање платежни услуги односно издавање електронски пари (готовина во електронска форма) или дозвола за вршење дејност оператор на платен систем.

- Покрај банките кои тековно даваат платежни услуги на граѓаните и фирмите, платежни услуги ќе можат да даваат и штедилниците, како и други правни лица кои од Народната банка добиле дозвола за платежни институции или институции за издавање електронски пари. Дополнително, овој закон и збогатувањето на платежните услуги, ќе го донесе  и финтек секторот, кој се очекува да понуди нови олеснети начини  за иницирање на плаќањaта, полесно следење на извршените плаќања и поефикасно управување со паричните средства од страна на граѓаните и фирмите – појаснуваат од Народна банка.

Од НБ додаваат дека со оглед на фактот дека се отвара пазарот, во понудата на платежните услуги на пазарот во земјата ќе се вклучат и други даватели на платежни услуги освен банките, поттикнувањето на конкуренција е неизбежен и паралелен процес кој на крајот се очекува да придонесе за поевтинување на платежните услуги.

- Со законот за прв пат се воведува обврска давателите на платежни услуги да утврдат надоместоци за најрепрезентативни услуги поврзани со платежна сметка на потрошувачите (граѓаните). Освен примена на воедначена терминологија за овие услуги, давателите со овој закон се обврзани надоместоците за најрепрезентативните услуги да ги објавуваат и доставуваат до Народната банка, која потоа истите ќе ги објавува на својата веб-страница, со цел информирање и поедноставна споредба од потрошувачите. Првата објава на надоместоците за најрепрезентативните услуги се очекува до крајот на септември – додаваат од НБ.

Со Законот им се овозможува на граѓаните да отворат платежна сметка со основни функции во денари за извршување на уплати, за плаќање сметки за комунални услуги или за купување на продажни места или преку интернет со дебитни картички или за други платежни трансакции, како што се на пример кредитни трансфери.

За услугите со платежната сметка со основни функции, банката или штедилницата може да пресмета и наплати вкупен месечен надоместок со разумна висина, кој не смее да биде повисок од 0,1 отсто од подвижниот просек на просечната месечна исплатена нето-плата во земјата за претходните 12 месеци, согласно објавите од Државниот завод за статистика. Овој надоместок вклучува месечно одржување на сметката и извршување на минимум пет платежни трансакции, кои се овозможени со услугите опфатени со платежна сметка со основни функции, кон примачи кои се клиенти на истиот давател на платежни услуги.

- На потрошувачи кои се корисници на законски дефинирани права, како издршка, парична помош од социјална заштита, привремена невработеност, додаток за дете, стипендија или слично, за користењето на наведените платежни услуги преку платежната сметка со основни функции, нема да се пресметува и наплатува надоместок – дополнуваат од НБ.

Со оглед на фактот дека технолошкиот развој овозможи низа дополнителни услуги и можности за дигиталното управување со финансиите, обезбедување континуитет за поголемо учество на финтек секторот во земјава во сферата на платежните услуги има и низ одредбите на Законот.

- Можноста за имплементација на концептот на отвореното банкарство најдоцна до првиот квартал 2024 година, кое произлегува од примената на законот, создава нови можности за извршување на дигиталните плаќања и нивно полесно следење преку влез на финтек секторот на пазарот и овозможување услуги за иницирање на плаќањa и на услуги за информации за сметки. Придобивките за клиентите се во насока на брзо и сигурно купување на производи и услуги преку интернет, со користење на електронско или мобилно банкарство, без употреба на платежна картичка, врз основа на согласност дадена од клиентот, давателот на услуги за иницирање на плаќање во име на клиентот иницира плаќање и пренос на парични средства од платежната сметка на клиентот, која се води кај давателот на платежни услуги кон платежната сметка на трговецот кон кој се врши плаќањето. Давателите на услуги на информации за сметки, нудат можност за своите клиенти на едно место да добијат информации за платежните сметки (кои се водат кај еден или повеќе даватели на платежни услуги на пазарот, во зависност од договорот со клиентот), и врз основа на тоа клиентот да ги следи состојбата и движењето на платежните сметки и да го управува сопственото портфолио – прецизираат од Народна банка.

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин