19 Април, 2024
0.0403

ЌЕ НЕ СПАСУВА ГЕРМАНСКА ОБВРЗНИЦА, Владата обезбеди 250 милиони евра за отплата на стари долгови

Објавено во: Финансии 27 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Владата донесе одлука за издавање на хартии од вредност на германскиот пазар, обврзница позната како „Namensschuldverschreibungen“, односно NSV, во износ од 250 милиони евра. Средствата ќе се искористат за отплата на стари долгови кои доспеваат и за финансирање на буџетски потреби, соопшти Министерството за финансии.

Од таму посочуваат дека во континуитет ги следеле пазарите на капитал и согласно опсежните анализи, овој инструмент со својата каматна стапка и рок на доспевање е најдобрата опција за портфолиото на јавен долг.

- Kаматната стапка изнесува 3,75 отсто плус 6 месечен ЕУРИБОР, со рок на отплата од 3 години и 18 месеци грејс-период. NSV е инструмент кој обично го издаваат висококвалитетни клиенти со стабилен инвестициски кредитен рејтинг, а хартиите од вредност се купени од страна на германски инвеститори. NSV како регистрирана хартија од вредност, од страна на Дојче банка до сега е издадена во Република Полска, Ирска, Белгија, Кралството Шпанија. Овој финансиски инструмент покрај Дојче банка го издаваат и KFW, IBRD, EIB - соопштуваат од МФ.

Од Министерството додаваат дека изминатиов период се склучени неколку трансакции на меѓународниот пазар на капитал од страна на членки на ЕУ со повисок кредитен рејтинг од нашиот, каде каматните стапки се движеа до околу 7 отсто, со неколкукратно повисоки суми на повлекување. Појаснуваат дека високите камати се должат на заострувањето на условите на меѓународниот пазар на капитал, како резултат на затегнувањето на монетарната политика преку раст на каматните стапки од страна на скоро сите големи централни банки во светот, поради високата инфлација.

- Почнувајќи, од првиот квартал на оваа година, се до овој момент е забележан значителен пораст на цената на тргување и на секундарниот пазар на издадените Евообврзници, коишто претставуваат своевиден репер за дефинирање на цената (каматната стапка) при евентуално издавање на нова Еврообврзница. Во моментов македонските Еврообврзници се тргуваат со принос во распон од приближно 7 отсто, што значи дека доколку Република Северна Македонија одеше со нова Еврообврзница, каматната стапка би била на ниво од околу 8 проценти. Во вакви услови уште повеќе доаѓа до израз потребата за водење на претпазливи домашни политики, така што Министерството за финансии пристапи кон пронаоѓање на друг поповолен извор на финансирање. Министерството за финансии во соработка со Дојче банка во изминатиот период, континуирано работеше за издавање нов финансиски инструмент којшто претставува регистрирана обврзница согласно со германските закони - NSV. Со овој инструментот каматната стапка е значително пониска од онаа која би се постигнала со евентуалното издавање на нова Еврообврзница - се дополнува во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин