23 Април, 2024
0.0274

ЌЕ НАСТРАДААТ ЛИ САМО ДИРЕКТОРИТЕ НА ФИРМИТЕ-НЕПЛАЌАЧИ - до Обвинителството стигна барањето за кривичен прогон

Објавено во: Македонија 14 Август, 2020

Добивај вести на Viber

До Јавното обвинителство денеска стигна владиното барање за кривичен прогон на фирмите кои зедоа државна помош, а не им ги исплатија платите на работниците за кои всушност ја зедоа помошта, потврдија за Фактор од Јавното обвинителство.

Од одговорот што Фактор го доби од обвинителството, може да се види дека за ова дело ќе одговараат директорите на компаниите неплаќачи на плати кон работниците. 

Барањето го поднел Генералниот секретаријат на Владата, чии прв човек е драги Рашковски.

Ова следува откако Владата пред една недела најави дека ќе бара кривичен прогон за работодавачите неплаќачи, кои зедоа државна помош, а не се раздолжија за плати кон своите вработени.  

„До Основното јавно обвинителство Скопје денеска беше доставено Барањето за кривичен прогон во врска со финансиската поддршка реализирана преку владината програма за поддршка за работодавачите погодени од здравствената и економската криза. Барањето е поднесено од Генералниот секретаријат на Владата на РСМ“, обзнанија за Фактор од јавното обвинителство. 

Веднаш по приемот и извршената анализа, Основното јавно обвинителство Скопје го препратило предметот на надлежно постапување во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

„Ова од причина што во предметот пријавени се одговорни лица во правни лица кои имаат седишта во повеќе градови во територијата на РСМ, а нивните дејствија се преземени на штета на Буџетот на РСМ, јавните фондови или други средства на државата“, се вели во одговорот што Фактор го доби од Јавното обвинителство на државава. 

А според последните податоцио што Фактор ги доби од Владата, за ова дело треба да одговараат 287 компании. 

Односно, списокот до петокот минатата недела се сведе на 344 компании, од првичниот кој броеше 708 фирми, но на крајот, според владиниот список објавен на нејзината веб страница, тој се намали до 287 компании, без да биде јасно како тоа се случи.

А дел од експертите за Фактор веќе предупредија дека газдите што не им поделија плата на работниците, а за таа намена зедоа парична помош од државата, нема да одговараат ниту кривично, ниту мтеријално. Единствено може да настрадаат директорите, а ние никогаш нема ниту да дознаеме кои биле тие газди. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...