ЌЕ ЈА ПУКА ОД ПАРТИЈА - Милошоски најавува голема бомба за Заев
Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2020
Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на својот Фејсбук профил објави дека денеска во 11 часот ќе објави нова „бомба“ поврзана со претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
„Денес медиумите ќе бидат запознаени со материјал од висок јавен интерес, доставен од анонимен укажувач. Материјалот е сериозна индиција за злоупотреба на службената положба на поранешниот премиер, преку експлицитно признание за директно мешање на извршната во одлуките на судската власт, на највисоко ниво.
Бидејќи бев известен дека во Собранието нема да ми биде овозможено да имам прес конференција, истата ќе ја одржам во прес салата на ВМРО ДПМНЕ, во 11 часот“, напиша Милошоски.