29 Март, 2024
0.0250

Ќе ја покори ли ГМО цела Европа?

Објавено во: Економија 22 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Европската комисија со телата за антимонополска регулација му даде одобрување на германскиот фармацефтски гигант Bayer да ја преземе компанијата Monsanto која е злогласена по наметнувањето на ГМО семиња на земјоделците со цел полесно да ги продава своите пестициди и хемиски препарата кои се точно создадени и креирани за целосна контрола над агроиндустријата на производство на храна.

ЕК смета дека договорот кој Bayer и Monsanto го склучија пред две години нема да ја наруши конкуренцијата на пазарот иако на овој начин ќе се формира една гигантска корпорација со огромна моќ.

Bayer плати неверојатни 62,5 милијарди американски долари за преземање на Monsanto со што ќе има контрола над огромен број на нови земјоделски семиња, пестициди како и на хемиски препарати, но порача дека нема да го наметнува ГМО производството во Европа. 

Bayer исто така беше задолжен за над 5 милијарди евра да му продаде семиња и дигитална база на податоци за агрикултура на најблискиот конкурент BASF со цел да се спречи негово целосно доминирање на пазарот, како и создавање на услови за развој и на останатите компании.  

Кај многу корисници и еко активисти постои голема загриженост дека и остатокот од Европа ќе биде преплавена со ГМО семиња, додека пак земјоделците стравуваат дека ќе им биде наметната ваква пракса со се поголемото ширење од околните посеви кои потоа ги „заразуваат“ нивните ниви и посеви кои потоа ќе мора да се променат и подлежат на пестицидите на Monsanto.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат