22 Јануари, 2025
0.0292

Ќе ја интензивира ли Јавното обвинителство предистражната постапка за предметот според кој Телеком треба да плати 4 милиони отштета на човек фирма?

Објавено во: Економија 06 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Јавното обвинителство работи на предистражната постапка за предметот во кој е донесена одлука Телеком да плати отштета од 4 милиони евра на човек фирма од Штип.

Се очекува во обвинителството да се забрза работата, особено откако Владата упати остри критики за отсуството на резултати од работата на обвинителството, по што следеа интерни контроли. Постапката во Обвинителството почна откако вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, пред неколку месеци го испрати предметот за натамошно разгледување.

Се работи за предметот во кој Апелација, преиначувајќи ја првостепената одлука, пресуди Телеком да плати 4 милиони евра отштета на човек фирма од Штип. Фирмата имала склучено договор со Телеком во периодот од 2001 до 2002 година. Договорот бил раскинат од Телеком поради неплаќање на обврските од страна на фирмата. Потоа почнал долг судски спор пред првостепениот Граѓански суд во Скопје, кој минатата година пресудил во корист на Телеком, бидејќи судот утврдил дека се работи за фирма со еден вработен, која повеќе години била со блокирана сметка, а е повторно активирана непосредно по донесување на пресудата на Апелациониот суд. Фирмата не дала ниту доказ за број на претплатници, инвестиции и слично.

Во Телеком државата има удел од 35 отсто, па ваквата судска пресуда ќе значи и помал принос во државната каса по основ на дивиденда. Детални информации за случајот се испратени и во Владата и во Министерството за транспорт и врски, Министерството за правда, Министерството за дигитална трансформација и до Генералниот секретаријат на Владата. Во информацијата се споделени низа докази за повреди на Законот за судови и Законот за парнична постапка, но и сериозни индиции за недозволени влијанија помеѓу судии и адвокати на човек фирмата на која и беше досудено да наплати отштета од 4 милиони евра. Покрај тоа, констатирано е дека во преиначената пресуда од Апелација се споменуваат документи на Телеком кои воопшто не биле дел од постапката, а дел од правниот тим на штипската фирма е и лице кое до 2015 година работело во Телеком во секторот за правни работи.

За истиот предмет по претставка за судијката известител расправаше и Републичкиот судски совет, по што беше усвоен извештај во кој беа констатирани низа незаконитости во постапката, меѓу кои и дека бил потпишан записник и пресуда без да се видат списите за предметот, како и дека пресудата со која се преиначува првостепената одлука била донесена без одржување на јавна расправа, што е спротивно на Законот за парнична постапка. Републичкиот судски совет се очекува да закаже нова седница на која ќе се разгледува одговорноста на судиите. За истиот предмет постојат повеќе претставки до РСС, кои според најавите ќе бидат споени, а една од нив е поднесена од претседателката на Апелациониот суд Мери Дика Георгиевска. 

Можеби ќе ве интересира

А ШТО ВЕЛИ КИНА ЗА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП? „Ќе ги браниме националните интереси“

А ШТО ВЕЛИ КИНА ЗА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП? „Ќе ги браниме националните интереси“

ГОТОВО Е: Трамп ќе воведе царини за ЕУ, вели дека унијата е многу лоша за САД

ГОТОВО Е: Трамп ќе воведе царини за ЕУ, вели дека унијата е многу лоша за САД

МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА Е КЛУЧЕН ЕЛЕМЕНТ ВО СИСТЕМОТ, НАШИТЕ АРГУМЕНТИ ДА БИДАТ ПОСИЛНИ ВО СВЕТОТ: Мицкоски се сретна со Пејкоф, Македонец основач на компанија во САД

МАКЕДОНСКАТА ДИЈАСПОРА Е КЛУЧЕН ЕЛЕМЕНТ ВО СИСТЕМОТ, НАШИТЕ АРГУМЕНТИ ДА БИДАТ ПОСИЛНИ ВО СВЕТОТ: Мицкоски се сретна со Пејкоф, Македонец основач на компанија во САД

„Државна лотарија“ под водство на Перпарим Бајрами трошела по милиони евра за закуп на простор и услуги

„Државна лотарија“ под водство на Перпарим Бајрами трошела по милиони евра за закуп на простор и услуги

АМСТЕРДАМ, ПАРИЗ И ФРАНКФУРТ ВО ТЕСНА ТРКА - расте бројот на летови од Европа, и соседите во врвот

АМСТЕРДАМ, ПАРИЗ И ФРАНКФУРТ ВО ТЕСНА ТРКА - расте бројот на летови од Европа, и соседите во врвот

„ОТВОРЕНИ ДВА ВАЖНИ ТРАНСПОРТНИ ЦЕНТРИ ВО МАКЕДОНИЈА“: За инфраструктурните проекти на Владата надалеку се зборува, еве што пишуваат медиумите од регионот

„ОТВОРЕНИ ДВА ВАЖНИ ТРАНСПОРТНИ ЦЕНТРИ ВО МАКЕДОНИЈА“: За инфраструктурните проекти на Владата надалеку се зборува, еве што пишуваат медиумите од регионот

ЕВЕ ЗОШТО ИМИДАКЛОПРИДОТ Е ЗАБРАНЕТ ВО ЕУ: Д-р Беќаровски открива колку е опасен овој инсектицид

ЕВЕ ЗОШТО ИМИДАКЛОПРИДОТ Е ЗАБРАНЕТ ВО ЕУ: Д-р Беќаровски открива колку е опасен овој инсектицид

„БАЈДЕН ПАДНА НА ИСПИТОТ“: Експертите го кажаа своето, Америка има долг од 36 трилиони долари - Што остави поранешниот претседател?

„БАЈДЕН ПАДНА НА ИСПИТОТ“: Експертите го кажаа своето, Америка има долг од 36 трилиони долари - Што остави поранешниот претседател?

НЕДВИЖЕН ИМОТ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ: Половина од криминалците го користат имотот како мастер шема

НЕДВИЖЕН ИМОТ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ: Половина од криминалците го користат имотот како мастер шема