ЌЕ ИМА ЛИ ЛИДЕРСКА СРЕДБА: Ахмети и Села потврдија присуство
Објавено во: Македонија 16 Јули, 2019
Претседателот на Владата, Зоран Заев преку прес конференција ги покани лидерите на поголемите политички партии на лидерска средба, која би требало да се одржи во петок во Клуб на пратеници.
Присуство на средбата засега најавија лидерите на ДУИ и Алијанса на Албанците, додека најголемата опозициска партија ВМРО- ДПМНЕ останува на ставот дека доколку има лидерска средба темата на разговорот треба да биде предвремени парламентарни избори.
Премиерот Заев е оптимист и верува дека Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски ќе присуствува на лидесрката средба.
А Заев на прес конференцијата ги кажа и темите за кои ќе се разговара на средбата, за нов Изборен законик, законот за Јавното обвинителство, пописот, но премиерот додаде дека и за други теми може да се разговара на средбата, но според него во прв план за државата сега е евроинтеграцијата и развојот на економијата, не е вистинско време за избори, иако СДСМ како партија според неговите зборови била подготвена за избори.