Ќе има истрага за пандемијата со коронавирусот

Објавено во: Свет, Корона Вирус 19 Мај, 2020
Ќе има истрага за пандемијата со Ковид - 19.
Членките на Светската здравствена организација, донесоа резолуција за независна проценка за реакцијата на агенцијата на ОН на пандемијата на новиот вирус.
Текстот е усвоен со консензус и предвидува што побрзо започнување на непристрасни, независни и целосни проценки на меѓународната акција преземена поради пандемијата.
Ова е со цел подобрување на светските капацитети за превенција, подготовка и одговор на пандемијата.
Со таа проценка, чии детали се и натаму нејасни, би требало подобро да се проучат мерките кои ги презеде СЗО поради пандемијата на Ковид - 19 и нивната хронологија.
СЗО и генералниот директор Тедрос Ахан Гебрејесус се под постојан притисок на САД, кои ги обвинуваат за пристрасност во водењето на епидемијата.
Членките се 194, а меѓу нив се САД и Кина.Повеќе од 318.000 луѓе починаа од коронавирусот.
САД неколку пати ја обвинија Кина дека е виновна за пандемијата, но тврдеа и дека вирусот излегол од лабораторија.
Можеби ќе ве интересира
ЕВЕ КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ ДАЛИ ГО ИМАТЕ НОВИОТ СОЈ - нови симптоми на мутацијата на коронавирусот

ЧОВЕК ОД МИЧИГЕН ЈА СЛУШНА ВЕСТА ШТО ЌЕ МУ ГО СМЕНИ ЖИВОТОТ - еве колку пари доби како лото награда

РУСКАТА ВАКЦИНА ЌЕ СЕ ПРАВИ И ВО ТУРЦИЈА - потпишан договор, технологијата се пренесува

(ПОТРЕСНО ВИДЕО): Седум кинески рудари во лоша состојба се извлечени на безбедно

Британија во локдаун до 17 јули? - Владата тивко ги смени законите за полесно носење на рестриктивни мерки

НА ДЕЛО ДОКАЖА ДЕКА ВАКЦИНАЦИЈАТА НЕ Е ЧИПИРАЊЕ - Бил Гејтс објави дека се вакцинирал
СТАНА СВЕТСКИ ПОЗНАТ ОТКАКО СО РОГОВИ ВЛЕЗЕ ВО КАПИТОЛ - сега жали бидејќи е изигран и не беше помилуван од Трамп

ПОЧИНА ДЕВОЈЧЕ НА САМО 10 ГОДИНИ - еве каков бил предизвикот на ТикТок кој е причина за смртта

Од коронавирус почина легендарниот американски ТВ водител Лери Кинг
