ЌЕ ИМ ТРЕБААТ ГОДИНИ ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА: Во Данска вакво нешто немало по Втората светска војна
Објавено во: Економија, Корона Вирус 27 Мај, 2020
Забележан е најголем пад на данската економија од Втората светска војна.
Ова го изјави министерот за финансии Николај Вамен.
За време на финансиската криза во 2009 година, данската економија имаше пад од 4,9 проценти, потсетува Reuters.
„Корона кризата веројатно ќе влијае на данската економија во следните неколку години, но исцртавме пат до излезот од кризата и така веќе ги направивме првите важни чекори“, изјави Вамен.
Данската влада предвидува намалување на економијата помеѓу три и шест проценти.
Економијата во еврозоната ќе се соочи со пад од 7,5 проценти во 2020 година.
Лоши се податоците и за другите земји во ЕУ погодени од пандемијата.
Бруто домашниот производ (БДП) на Франција ќе се намали за околу 20 отсто во вториот квартал, а за повеќе од 8 отсто за целата година во оптимистичко сценарио, велат од Националниот институт за социјални и економски студии.
Шведската економија е на пат да забележи пад од седум проценти оваа година.