29 Март, 2024
0.0386

Ќе го омекне ли Заев Мицкоски за законот - или пак ќе помагаат независните

Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека ќе продолжат со разговорите за законот за Јавното Обвинителство, откако вчера преговарачката тројка од ВМРО-ДПМНЕ го напушти состанокот на партиските работни групи, барајќи да присуствува и Јавниот обвинител, Љубомир Јовески.

„Апсолутно во сето она што е во интерес на граѓаните и процесите, ние ќе учествуваме и тука сме да соработуваме“, одговори Мицкоски на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на состаноците со работните групи што се однесуваат само на политичкиот дел. Тој потврди дека наредната надела ќе бидат дел и од јавната дебата.

„Еве следната недела како што вие велите ќе има јавна дебата на која што ќе можеме да дискутираме околу текстот на овој закон на експертско ниво, на стручно ниво. Ќе бидеме дел и од политичките преговори, но ќе бидеме дел и од оваа експертска дебата“, рече Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ не се против носењето на законот, уверува Мицкоски и вели дека основа за преговори постои, но треба да има и другата страна желба за да се постигне решение, односно да се прифатат аргументираните забелешки од нивна страна.

„Ние сме тука. Подготвени сме да преговараме и разговараме. Но априори ниту отфрламе, ниту прифаќаме. Ова е демократија, ние имаме различни мислења, ние имаме како политичка партија своја цел. Ние се стремиме кон таа цел, нашата цел е иста со целта на огромно мнозинство граѓани во оваа држава, а тоа е да имаме не само добар закон на хартија, туку да имаме имплементација во пракса“, рече Мицкоски.

По најавата дека јавниот обвинител Љубомир Јовески ќе учествува наредната недела на јавната расправа и за неговото тврдење дека предлогот е добар, Мицкоски вели дека е нормално Јовевски да да го промени мислењето и да каже дека сега дека  законот е добар, откако за тоа добил инструкции од Медарски.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, пак, денеска изјави дека има шанса да се донесе Законот за јавно обвинителство до 11 ти февруари. Тој потврди дека една од темите на разговор бил и овој закон за кој пак, наредната недела ќе се одржи и јавна расправа.

„Јас верувам дека постои шанса. Жалам што ВМРО-ДПМНЕ напушти заради неприсуство наводно на јавниот обвинител којшто нема што да бара на партиски политички средби според мене. Еве на јавната расправа нека го повикаат човекот ќе дојде или кој било друг експерт ако повикаат да дојде. Така што, се надевам дека не се работи за пролонгирање, купување време и слично од ВМРО-ДПМНЕ заради тоа што нема да го дозволиме тоа“, изјави Заев.

Тој е оптимист дека законот ќе го добие потребното двотретинско мнозинство.

„Работиме и верувам дека можеме успешно да стигнеме до неопходното двотретинско мнозинство за овој закон. Така што, никој не може да каже ништо, но ние сме само со позитивно очекување. Значи ако некој сака да најде маана, ќе најде маана. Нема потреба, нема веќе СЈО, тоа е завршено, нема потреба да се бараат рачки во самиот закон заради тоа што ги нема“, речеЗаев.

Јавна дебата за законот за Јавно обвинителство ќе има, и на неа ќе присуствува државниот обвинител Љубомир Јовески, напиша на својот фејсбук профил шратеникот Александар Кирацовски. Тој смета дека неодговорниот однос на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ кон приоритетни и општествено важни прашања, како законот за Јавно обвинителство, мора да запре.

Можеби ќе ве интересира

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?