20 Април, 2024
0.0261

Кирил Самарџиоски им ја подари Прилепска пиварница на децата, остана без ниту една акција

Објавено во: Економија 30 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Кирил Самарџиоски досегашниот мнозински сопственик и Претседател на одборот на директори на Прилепска Пиварница им го подари на своите деца уделот во докажаната компанија. Имено врз основа на договор за дар Кирил Самарџиоски им ги даде на акционерите Сашко Самарџиоски и Панде Самарџиоска своите 25.000 обични акции или по 12.500 акции на секое од неговите деца. Со дарот сега Сашко Самарџиоски и Панде Самарџиоска поседуваат по еднаков дел од компанијата. Двајцата имаат по 14.500 акции или по 36, 32 отсто од основната главнина на Прилепска пиварница АД Прилеп. 

Прилепска пиварница А.Д. Прилеп ја известува јавноста дека на ден 29.06.2020 година врз основа на договор за дар извршен е упис во Централниот депозитар за хартии од вредност на нетрговски пренос на хартии од вредност (обични акции) со што акционерите Сашко Самарџиоски и Панде Самарџиоска се стекнаа со по 12.500 обични акции со право на глас.

Сашко Самарџиоски е член на Управен одбор и Генерален директор на Прилепска пиварница, а неговата сестра Панде Самарџиоска е член на Управен одбор и Заменик Генерален директор на Прилепска пиварница.

Членот на Управен одбор и Претседател на одборот, Кирил Самарџиоски кој до 29.06.2020 година поседуваше 25.000 обични акции со право на глас, по спроведениот договор за дар повеќе не поседува акции во Прилепска пиварница А.Д. Прилеп.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

Николоски за ВоА: Во изминатите 4 години менаџиравме криза и го штитевме стандардот, економијата доаѓа во фокусот

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

ЛУКАРЕВСКА: Во наредниот мандат домашните компании ќе ги поддржиме со 180 милиони евра

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

НИКОЛОСКИ НА СРЕДБИ ВО ММФ: Здравите економски политики поттикнуваат забрзување на економскиот раст

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ГРАЃАНИТЕ СЕПАК ШТЕДАТ: Koлку се зголемени вкупните депозити на домаќинствата?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

ММФ: Kaкви се оценките за руската економија?

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ