16 Јануари, 2021
0.0228

Кирацовски: Поради моќници и лажни вести повеќе не сум генерален секретар на СДСМ

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2020

Александар Кирацовски во денешното интервју за „Фокус“ вели дека поради влијателни моќници на кои им пречела неговата работа и лажните вести, бил приниден сам да си даде оставка како генерален секретар на СДСМ по претседателските избори минатата година.

- Иако бев свесен дека преземањето на одговорноста за решавање на крупни кадровски прашања и стотици судбини може на одреден рок да биде погубна за мене, сепак го прифатив предизвикот и не жалам за тоа. Помогнав на многу луѓе и стекнав многу пријатели, но и непријатели – немоќни ликови, на моќни позиции кои бескрупулозно и без пардон ми нанесуваа штета и мене и на партијата. Токму затоа, согледувајќи дека моето опстојување на таа функција кон мене и кон моето семејство станува нефер и неоправдано, егзистирајќи во период кога лажните вести на кои им бев таргет изнесуваа 75 проценти од медиумскиот етер, се решив на пауза, без да инсистирам на никаква друга функција, вели Кирацовски на едно од прашањата.

Поранешниот пратеник на СДСМ вели дека оваа партиска функција била неговиот најголем предизвик во политичката кариера.

- Неповторливиот период во кој ја прифатив функцијата генерален секретар беше и најизискувачки од страна на членството, кое после 11 години ја доби шансата за еднаков третман пред институциите. Да бидеш крвоток во „запушени институционални вени“ беше доста тешка улога, но драго ми е што оставив широк и чист пат нагазувајќи го снегот, вели битолскиот доктор.



Можеби ќе ве интересира

РУСКОСКА: 1.500 платни налози се пронајдени во фиока на починат курир, кој знае уште колку вакви случаи има

РУСКОСКА: 1.500 платни налози се пронајдени во фиока на починат курир, кој знае уште колку вакви случаи има

ВИДЕО КОЕ ПРЕДИЗВИКА ГНЕВ: Минува патарина само со легитимација

ВИДЕО КОЕ ПРЕДИЗВИКА ГНЕВ: Минува патарина само со легитимација

Орданоски по одморот на Пелистер се враќа дома: Мојот живот оди во нови предизвици

Орданоски по одморот на Пелистер се враќа дома: Мојот живот оди во нови предизвици

КАРАКАЧАНОВ: Никогаш нема да се согласиме со изградба на идентитет во странска земја за сметка на кражба на бугарската историја и идентитет

КАРАКАЧАНОВ: Никогаш нема да се согласиме со изградба на идентитет во странска земја за сметка на кражба на бугарската историја и идентитет

ШТО МУ ОДГОВОРИ НА ПРАТЕНИКОТ КРМОВ ОД ЛЕВИЦА НА МИНИСТЕРОТ МАРИЧИЌ: Жестока расправа во собранието за пописот

ШТО МУ ОДГОВОРИ НА ПРАТЕНИКОТ КРМОВ ОД ЛЕВИЦА НА МИНИСТЕРОТ МАРИЧИЌ: Жестока расправа во собранието за пописот

ЖИРАФАТА ТОБОГО најверојатно угинала од срцев удар

ЖИРАФАТА ТОБОГО најверојатно угинала од срцев удар

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Демарш од Бугарија, но и осуди за палењето на бугарското знаме во Вевчани

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Демарш од Бугарија, но и осуди за палењето на бугарското знаме во Вевчани

Родилка од Дебар остана без матка, бубрег и без еден јајник по операција

Родилка од Дебар остана без матка, бубрег и без еден јајник по операција

Охриѓанец организирал веселба дома во време на пандемија

Охриѓанец организирал веселба дома во време на пандемија