24 Април, 2024
0.0274

КИНЕСКИОТ АМБАСАДОР ЏАНГ ЅУО ЗА ФАКТОР: Кина продолжува да ја промовира изградбата на отворен систем за соработка и заедничка корист

Објавено во: Македонија, Колумни 22 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Под влијание на пандемијата од корона вирусот, во светот се случуваат големи промени - најтешка рецесија од Големата депресија во 1930-тите години до сега. Човештвото повторно е исправено пред одлуките за отворање или затворење, соработка или одвојување, застанување заедно без оглед на ситуацијата или барање на приоритет за матичната земја, општа корист или самозаштита преку откажување од меѓународни организации. Кина ја одржува политиката за проширување на отворањето и ја поддржува вербата во концептот на заедничка соработка и взаемна корист.

Прво, да ја промовира изградбата на „Еден појас и еден пат“.

На  18 јуни 2020 година, во Пекинг беше одржана видео-конференција за меѓународна соработка „Еден појас и еден пат“ со претставници на високо ниво. Кинескиот претседател Ши Џинпинг имаше писмен говор на конференцијата, потенцирајќи дека „ние сме подготвени да работиме со нашите партнери за да го изградиме појасот во патиштата за заедничка соработка против предизвиците, заштита на здравјето, закрепување на економскиот и општествениот развој и за ослободување на развојниот потенцијал во целиот свет“. Кина се надева со приоритет да ги зајакнува комуникациите и координациите со партнерите од „Еден појас и еден пат“, да ги поддржува оние што се погодени од пандемијата - партнерите од „Еден појас и еден пат“, особено земјите во развој, да се борат со вирусот, да го обновуваат економскиот и социјалниот развој и заеднички да ги гарантираат безбедноста и стабилноста на синџирот за меѓународниот индустриски систем, за ланецот за снабдување и за логистиката во светот.

Во првата половина на 2020 година, Кина инвестираше во земјите - партнери од „Еден појас и еден пат“ 8,12 милијарди американски долари, кои се нефинансиски директни инвестиции, со 19,4 отсто зголемување во споредба со истиот период од претходната година. Меѓу Кина и овие земји беше остварен увоз и извоз во вредност од 4,2 трилиони јуани. Иако  пандемијата доведе до пад од  0,9 отсто во споредба со истиот период од минатата  година, сепак одигра важна  улога како платформа и цврст мост за глобална превенција и контрола на пандемијата и за економско закрепнување. Експресната железница помеѓу Кина и Европа (China Railway Express) исто така го покажува капацитетот, беа реализирани 5.122 превози, користејќи ги услугите на оваа железница во првата половина од годината, што претставува зголемување од 36 отсто, а вкупниот обем на превезената стока достигна 461.000 стандардни контејнери, растот изнесува 41 отсто, и со ова станува важна алка за стабилизирање на меѓународниот ланец на снабдување.

Второ, да го забрза темпото на отворање на пазарот

Кога претседателот Ши Џинпинг присуствуваше на специјалниот самит на лидерите на Групата 20 по повод битката против Ковид-19, тој изјави дека  „Кина непоколебливо ќе ги прошири реформите и отворењето на врати, ќе го олабави пристапот на пазарот, активно ќе го прошири увозот и ќе ги зголемува инвестициите во странство“. На 24 јуни 2020 година, Националната комисија за развој и реформа и Министерството за трговија ги објавија “Националната негативна листа со пристап до странски инвестиции за 2020 година”, и “Негативниот список за пристап на странски инвестиции во експерименталната зона за слободна трговја”. Како резултат на тоа, патот за влегување на кинескиот пазар станува се поширок, бидејќи бројот на ограничувањата е намален од 40 на 33. Со тоа уште повеќе ќе се подобрува нивото на отвореност во областа на услугите, производството и земјоделскиот сектор.

Истовремено, се забрзува истражувањето и изградбата на слободна трговска порта со кинески карактеристики. На 1 јуни 2020 година, официјално беше објавен „Севкупниот план за изградба на пристаниште за слободна трговија Хаинан“. На 1 јули беше официјално спроведена новата политика за безданочен режим на островот Хаинан, што силно ги стимулира купувачите. Политиката за слободна трговска зона започнува од 2013 година во градот Шангај, а во 2019 година, Кина го одобри формирањето на нова зона за слободна трговија внатре во тогашната зона која се вика Линганг. До моментов, во земјата веќе се основани 18 слободни трговски зони, во кои се спроведува високо-либерализирана политика за трговија и инвестиции.

Трето, активно да го проширува увозот. 

На 28 јуни 2019 година во Осака, Јапонија се одржа 14-тиот самит на лидерите на Групата 20. Претседателот Ши Џинпинг даде јасен „временски распоред“ за примена на новиот законза странски инвестиции во Кина. Тој изјави дека „ од 1 јануари 2020 година, во Кина ќе се воведува нов закон за инвестиции од странство, ќе се воведува и казнен систем за компензација при прекршување на патентните права, со цел да се зајакнува граѓанската судска заштита и кривично-правната заштита, исто и да го подобрува нивото на заштита на интелектуалната сопственост. „Од 1-ви јануари, Кина повторно ќе ги намали тарифите за дел од увезните производи, вклучително повеќе од 850 видови стоки, како дневни производи за тековна потрошувачка, важни лекови, опреми со современи технологии и друго, нивните даноци ќе бидат уште пониски од тарифната стапка на најповолната нација. Иако се работи за привремена тарифа, таа сепак ќе придонесе за многу сектори од националната економија и животот на луѓето. Врз основа на зајакнатата соработка во антивирусната борба и во економијата, во јуни 2020 година растот од извозот и увозот на Кина изнесува 5,1 отсто. Растот на извозот е 6,2 отсто, кој ги задоволи потребите во светот и го унапредува развојот на глобалната трговија.

Со цел унапредување на меѓусебното познавање, Кина го претстави одржувањето на „Експо за извозните производи“. На “Второто Експо за меѓународните извозни производи” од 2019 година, присуствувале вкупно 181 земји, региони и меѓународни организации. Над 3.800 претпријатија учествувале во Експото и реализирале кумулативен промет во износ од 71,13 милијарди американски долари. Под притисок од глобалното ширење  на пандемијата, подготовките за Третото Експо се одвиваа на уреден начин. Договорената изложбена површина надмина 90 отсто од планираната просторија, а во некои изложбени сектори е тешко да се направи резервација.

Четврто, да го подобрува континуирано деловното опкружување. 

На 1 јануари 2020 година, Кина го објави законот за странски инвестиции и неговите регулативи што треба да се спроведуват, со кои јасно се утврди дека владата и нејзините релевантни оддели, при аранжмани за финансирање, снабдување со земјиште, намалување на даноците и ослободување, дозволи за квалификација, изработка на стандарди, декларирање на проекти, воведување на политиките за човечки ресурси,  итн, мора да ги третираат претпријатијата со странски инвестиции и  претпријатијата, финансирани од дома, во согласност со законот и еднакво, со цел да реализираат однесување без дискриминација. Во случај на влошување на глобалното инвестирање и деловното опкружување, причинето од пандемијата, присуствувајќи на специјалниот самит на лидерите на Г20, кинескиот претседател Ши Џинпинг ги повика „членовите на Г20 да преземат заеднички мерки за намалување на тарифите, отстранување на бариерите и олеснување на трговијата“, со цел зајакнување на надежта во светот за економско закрепнување“.

На 2 јули, на својата официјална веб-страница, Министерството за  трговија на Народна Република Кина, заедно со економските и трговските административни органи од 11 земји, како Сингапур, издаде заедничка  министерска изјава за обезбедување непречен ланец за снабдување за време на пандемија. Преку факти Кина му покажува на светот, дека деловното опкружување во Кина постојано се подобрува. Неодамна, Групацијата Консалтинг Рондинг на Соединетите Американски Држави објави извештај, во кој се вели дека ентузијазмот на странскиот капитал да купува компании и да учествува со капитал или поседување на акции во  Кина, продолжува да расте. Во првата половина од 2020 г., вредностана инвестициите од Америка во Кина се зголеми за 6 отсто, што е доста впечатливо во контекст на целокупниот пад на странските инвестиции во Кина за 1,3 отсто во првата половина од годината. Според Глобалниот извештај за деловно опкружување 2020, објавен од Светската банка, во моментов, деловното опкружување на Кина е на 31-то место меѓу 190 економии во светот, што претставува значително зголемување од 46-то место во претходната година.

Петто, да ја зајакнува координацијата на макро политиката

На  церемонијата на отворање на 73-та видео-конференција на СЗО, во својот  говор претседателот Ши Џинпинг направи апел за зајакнување на меѓународната координација на макроекономската политика, за одржување на стабилноста и деблокада на глобалниот индустриски ланец за снабдување и за нормализирање на светската економија. Кина активно учествува во меѓународната координација на макроекономската политика, инсистира на одржување и подобрување на мултилатералниот трговски систем, се спротивставува на унилатерализам и протекционизам, и активно учествува во преговорите за правилата во мултилатералната трговија. Од ноември минатата година, по завршувањето на преговорите помеѓу 15-те земји-членки, односно Договорот за Регионално сеопфатно економско партнерство, оваа година приоритет е да се промовира правниот преглед  на текстот од различни земји. За да се избегне можното зајакнување на  протекционизмот, на видео-конференцијата организирана во јуни 2020  година, од страна на министрите беше одлучено, дека во текот на годината ќебиде потпишан договорот.

На 22 јуни успешно беше одржана 22-рата видео-конференција на лидерите на Кина и ЕУ. За време на конферецијата, претседателот Ши Џинпинг се сретна со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел  и со претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Претседателот Ши Џинпинг изјави дека „Кина е подготвена да соработува со ЕУ, заедно да ги зајакнува односите помеѓу  Кина и ЕУ по пандемијата, и да го подигне развојот на повисоко ниво”.  Лидерите на Кина и на Европа ја потврдуваат нивната посветеност да постигнат договор за инвестиција меѓу Кина и ЕУ во текот на 2020 година, и се согласиле да постигнат консензус за правилата за фер конкуренција  што е можно поскоро.

Иако падот на увозот и извозот на Кина во текот на првата половина на 2020 г. изнесува 3,2 отсто, односно првото тримесечие, тенденцијата на опаѓање се намалува за 3,3 отсто. Особено по реализирањето на позитивниот раст на на увозот и извозот во јуни, се создаде голема доверба во светот за подобрување на економијата по пандемијата. Влијанието од пандемијата докажува дека унапредувањето на изградбата на отворен систем за соработка и заедничка корист, не е само својствена потреба при изградбата на отворена светска економија, туку претставува и важен инструмент за  промовирање  на меѓународната анти-пандемиска соработка и за глобалното закрепнување на економијата.

Џанг Ѕуо

Амбасадор на НР Кина 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП