20 Јуни, 2019
0.0198

Кина повеќе не е број еден по фалсификувани производи во Македонија: Која земја и го одзеде приматот?

Објавено во: Економија 23 Мај, 2019

Кина повеќе не е земјата од каде што потекнуваат најмногу запленети фалсификати во Македонија, откако приматот од минатата година и го превзеде Турција. Царинската управа во деталниот извештај за 2018 објави дека лани, според потеклото на привремено задржаната стока по оваа основа, доминира Турција со околу 40 отсто по што следи Кина со 38 проценти. Двата „титани-извозници“ на фалсификувани производи долго време доминираат во ова подрачје во однос на останатите земји на потекло, со тоа што Кина во 2017-та а и години претходно предничеше во однос на Турција.

Минатата година во 58 акции привремено биле задржани 175,750 парчиња кои повредуваат права на интелектуална сопственост, што во однос на една година е многу помалку кога тие изнесувале 721.093. Карактеристично е тоа што се истакнуваат случаите на привремено задржаните енергетски пијалоци со 43 отсто учество и козметички производи со 24 проценти. Најголем пад на запена по категории има кај авто-делови и опрема - од 10.200 на само 200-тини. Во однос на една година претходно неколкукратно поголема е заплената на лекови и на техничка опрема како мобилни телефони и ИТ.

Службата лани ја спроведуваше кампањата „Стоп за фалсификуваните производи“. Кампањата започна започна пред една година, како дел од активностите организирани по повод одбележувањето на 14 април – Денот на Царинската управа. 

„Оваа кампања е фокусирана на заштита на корисниците од купувањето на фалсификуваните производи бидејќи тие преставуваат огромен ризик за здравјето на луѓето, додека светската економија бележи огромни загуби поради дејствија поврзани со производството и пуштањето во оптек на фалсификувани производи“, велат од Царинската управа.

Лани под царински надзор биле уништени 85,712 парчиња фалсификувани производи, меѓу кои доминираат 81,984 шампони, 

Во 2018 Царинската контрола евидентира 268 успешни наоди, но во однос на 2017 бројката е помала, кога забележани биле 289 успешни наоди.

Во контролите не е откриена ниту една акцизна стока без бандероли, стоки за кои не е платена акциза и за кои не постојат документи за потекло и за здравствена исправност. 

Увозниците минатата година се обиделе да избегнат плаќање проценето на вкупно 20 милиони евра, што е за два милиони повеќе од давачките кои сакале да ги избегнат во 2017.

Најголем број од невалидните и фалсификувани документи за царинска вредност се оние за увоз на употребувани патнички моторни возила, 

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Борба на титаните: кои се најплатените банкари во земјава?

Борба на титаните: кои се најплатените банкари во земјава?

Мила Царовска: За прв пат исплатени пензии без задолжување

Мила Царовска: За прв пат исплатени пензии без задолжување

Миќиќ Божиновска: Повратот на ДДВ е повеќе популистичка отколку мерка за враќање на парите

Миќиќ Божиновска: Повратот на ДДВ е повеќе популистичка отколку мерка за враќање на парите

Теменугов: Буџетот е растегнат како мрсулче

Теменугов: Буџетот е растегнат како мрсулче

ВМРО-ДПМНЕ: Главна цел на младите не е да собираат фискални, туку да соберат пари за да купат карта за заминување

ВМРО-ДПМНЕ: Главна цел на младите не е да собираат фискални, туку да соберат пари за да купат карта за заминување

Нова светска економска криза во 2020 година

Нова светска економска криза во 2020 година

Идната година ќе ги укинат квотите за странски работници

Идната година ќе ги укинат квотите за странски работници

МИСТЕРИЈА: Kaде е златото на СССР?

МИСТЕРИЈА: Kaде е златото на СССР?

Павле Гацов даде пример како да ви се врати максимално дозволениот износ на ДДВ од 28.000 денари годишно

Павле Гацов даде пример како да ви се врати максимално дозволениот износ на ДДВ од 28.000 денари годишно