Ким имал тајна ракетна база?
Објавено во: Свет 21 Јануари, 2019
Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун има тајна ракетна база.
Американска тинк – тенк група соопшти денеска дека откриле тајна ракетна база во Северна Кореја, која властите не ја пријавиле.
Ракетната оперативна база Сино – ри се наоѓа на 212 километри северно од демилитаризираната зона на границата со Јужна Кореја.
Базата е една од 20 – тината постари ракетни бази кои Пјонгјанг не ги пријавил, се наведува во извештајот на Центарот за стратегиски и меѓународни студииво Вашингтон, "Beyond Parallel".