25 Април, 2024
0.0263

КХВ потврди: Берзата не ги објави податоците навреме

Објавено во: Економија 18 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Македонска берза не ги објавила во законскиот рок податоците за работењето, потврдија од Комисијата за хартии од вредност (КХВ). Оттаму велат дека не повеле прекршочна постапка за друштвата кои ветиле дека ќе ја отстранат неправилноста, односно за тие кои не објкавиле податоци ама подоцна тоа го направиле, а ги имало повеќе. Со ова се потврдуваат информациите кои Фактор ги објави вчера. 

„Комисијата одлучи да заземе нов пристап и да не поведе постапка пред прекршочниот орган, но само за оние  друштва кои ќе ја отстранат утврдената неправилност по приемот на записникот од КХВ. Во оваа група во 2018 година влегоа вкупно 151 компанија. Имаше и друштва кои ги објавија податоците и документите  уште пред  да им биде доставен  записник од КХВ, меѓу кои е и Македонска берза АД Скопје, велат од Комисијата за хартии од вредност.

Од КХВ велат дека направиле надзор и дека се покажало оти најслаба алка се друштвата од слободниот пазар и почитувањето на  чл. 166 б од Законот за хартии од вредност. Според нивни информации бројките беа обесхрабрувачки, односно само 33,4 проценти ја исполниле обврската да објават податоци, 58 проценти воопшто, а останатите делумно. 

„КХВ преку различни модалитети (укажувања, телефонски повици, дописи, соопштенија во електронски медиуми) ги предупредува  друштвата да ги почитуваат законските прописи и да ги применуваат стандардите за добро корпоративно управување, со акцент дека во иднина нема да се толерира ненавременото исполнување на обврските од некој учесник да влијае врз транспарентноста,  која е еден од предусловите за стабилност и интегритет на пазарот на хартии од вредност. 

Оваа политика и пристап на КХВ дава резултат, па по спроведениот надзор оваа година, бројката на друштва кои ја исполниле обврската по член 166 б се искачи на 69,9 проценти.  12 проценти воопшто не го испочитувале член 166 б и за нив, како и за друштвата кои делумно ја исполниле обврската, во моментов се изготвуваат извештаи за сторен прекршок, додаваат оттаму. 

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?