19 Април, 2024
0.0277

Кежаровски: Дојдете Груевски да се видиме и да се изнаприкажеме како беше во Ваше време

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Новинарот Томислав Кежаровски, кој во време на владеењето на Никола Груевски помина во притвор во затворот во Шутка речиси две години, и целиот хорор што таму го доживеа го опшша во книгата „Живот во кутија“, го повикува екс премиерот Груевски и сегашен азилатнт во Унгарија, да присуствува на промоцијата на неговата книга во Германија, што треба да се одржи кон крајот на февруари годинава. 

„Кога веќе не ја прифативте мојата покана да ми бидете гостин на промоцијата на англиската верзија на мојата книга ‚Живот во кутија', што ја направив среде Будимпешта, тогаш почестете ме со Ваше прусуство на мојот настап во Германија, кон крајот на февруари годинава“, пишува Кежаровски.

Му вели на Груевски дека ќе можат да зборуваат за многу работи.

„Дојдете господине Груевски, ќе се изнаприкажеме за се од ред за Македонија... Ќе зборуваме за владеењето на правото, за слободата на говор, за политиката воопшто. За тоа како беше во Ваше време, како е сега, и како треба да биде. Еве шанса да ги судриме аргументите. Моите наспрема Вашите, или Вашите наспрема моите, сеедно како сакате. Патем, Ве уверувам - ќе Ве запознаам со многу фини луѓе, големи авторитети... Веројатно нема и сега да ме одбиете...“, му напиша Кежаровски на Груевски. 

Кежаровски своевремено беше осуден на четири и пол годишна затворска казна, за наводно оддавање идентитет на заштитен сведок. За ослободување на Кежаровски од притвор, но и на преиспитување на пресудата, повикаа повеќе домашни и странски невладини организации. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?