Кавадарци е веднаш зад Скопје по бројот на нови заразени
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 26 Февруари, 2021
Кавадарци денеска е веднаш зад Скопје по бројот на нови заразени со коронавирусот.
Скопје има 258, а Кавадарци 51 нов случај, објави Министерството за здравство. Во главниот град има 3.421 активни случаи, во Прилеп има 604, во Кавадарци 559, а во Охрид 403.
Досега во земјата се направени вкупно 516.169 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101.762, бројката на оздравени пациенти е 90.895, на починати е 3.119, а бројот на активни случаи изнесува 7.748.Кинеските вакцини во земјава ќе доцнат неколку дена.
foto freepik