29 Март, 2024
0.0275

Катимерини: Нови пречки на патот на Заев

Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Република Северна Македонија и Албанија се надеваат дека ќе добијат официјален датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ до крајот на годината. Минатата година, францускиот претседател Емануел Макрон го запре процесот, но подоцна го укина ветото, откако Европската комисија претстави построга и реверзибилна методологија за пристапување кон ЕУ заради исполнување на условите поставени од Париз. Во меѓувреме, договорот од Преспа ја отстрани грчката пречка (пред РС Македонија). Сега премиерот на РСМ, Зоран Заев, се соочува со друга пречка на патот на неговата земја до посакуваниот датум за почеток на преговорите: договор со Бугарија, пишува грчки „Катимерини“ во својот последен осврт.

Иако Бугарија беше прва што ја призна новосоздадената балканска држава во 1991 година под уставното име Република Македонија и Заев и неговиот бугарски колега Бојко Борисов потпишаа договор за пријателство во 2017 година за решавање на нивните историски разлики, Софија сега се заканува дека ќе ги блокира разговорите за пристап на Скопје до Европската унија.

На лето, Бугарија издаде документ под наслов „Објаснувачки меморандум за односите меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија во врска со процесот на проширување, пристапување и стабилизација на ЕУ“, што им го презентираше на владите на 26 земји-членки. Документот ја појаснува позицијата на Бугарија за многу историски спорови со РС Македонија.

Кои се главните проблеми? Еден е јазикот што тие (Бугарите) никогаш не го признале како „македонски“, сметајќи го како дијалект на бугарскиот. Тие исто така веруваат дека идентитетот на Словените во Северна Македонија е всушност бугарски.

Во светло на претстојните парламентарни избори на пролет, дел од политичката елита, предводена од вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов (и со поддршка на некои историчари), го оспорува договорот со Северна Македонија.

Заев работи на изнаоѓање компромисно решение за историските разлики за да не се нарушат односите меѓу двете пријателски земји, но длабоко во себе верува дека нема причина за можна бугарска блокада на патот на неговата земја кон ЕУ. За Европејците и Американците, договорот меѓу Бугарија и Северна Македонија и Договорот од Преспа се двата клучни столба што ги одржуваат мирот и стабилноста на Балканот.


Можеби ќе ве интересира

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“