20 Април, 2024
0.0256

Катица Јанева на распит - Од хероина до клучна алка за решавање на „Рекет“

Објавено во: Анализа 20 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Специјалната јавна обвинителка во оставка Катица Јанева денес ќе се најде на спротивната страна од обвинителското столче, односно таа ќе одговара на прашањата на нејзините колеги од Основното јавно обвинителство. По годишните летни одмори на обвинителството и големата нетрпеливост и гнев на јавноста за бавноста со која се решава случајот „Рекет“, Јанева која беше идолизирана како симбол на борбата со високата корупција и организиран криминал овој пат ќе треба да даде одговори која е нејзината улога во големиот скандал.

Дали клопчето околу најголемата афера во која се побарани милиони евра рекет конечно ќе биде отплеткано, ќе добиеме ли одговори кој се учествувал во рекетирање на осомничени и обвинети во предметите на СЈО, но и бројни бизнисмени и предводници на општини?

Последните десетина дена речиси целосно беше срушен митот за капацитетот на институциите кои требаше да ја вратат довербата дека правдата во Македонија ќе ги стигне моќниците, тие кои имаат огромно влијание и доволно пари за да и се извлечат од рацете на „Јустиција“. Довербата во „специјалната“ со сета должна почит на презумпцијата на невиност е срушена како кула од карти, па прашањето е дали од неа ќе почне „империјата да го возвраќа ударот“?

Скандалот послужи како тенис меч меѓу политичките партии кои меѓусебно се обвинуваат за корупција, злоупотреби на функционери, организиран криминал и нечесност. Од власта тврдат дека одговорност ќе има, дека истрагата ќе се одвива независно и без никакво влијание. Опозицијата пак, тврди дека на распит треба да биде повикан и самиот премиер Зоран Заев.

Какви докази поседува Зоран Заев и за кого поседува докази? Зошто Заев доколку поседува докази не е повикан ниту за сведок, иако според видеата кои што ги виде целата јавност може да биде и осомничен во целиот случај „Рекет“. Дали Зоран Заев свесно манипулира со доказите и преку своето влијание во Судот сака да се заштити и тој самиот во случајот во кој целата јавност виде дека е вмешан и споменуван во видеата“ порача Димче Арсовски портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката СДСМ возврати дека опозицискиот лидер Мицкоски остварил средба со Зоки Кичеец, еден од осомничените во случајот Рекет на кого ОЈО му одреди притвор и дека нема да избегнат да се соочат со правдата, тој и останатите функционери од ВМРО-ДПМНЕ.

Овие нервозни реакции доаѓаат во моменти кога според информациите во медиумите на распит за случајот „Рекет“ е повикан еден од осомничените, споменатиот Зоки Кичеец. Дали затоа е нервозна криминалната ВМРО-ДПМНЕ. Особено имајќи предвид дека Христијан Мицкоски пред неколку дена јавно призна дека се сретнал токму со Зоки Кичеец. Остана неодговорено прашањето што разговарале Мицкоски и Кичеец и дали нешто му дал? Ако му дал, што е тоа, прашуваат од СДСМ.

Додека не се понудат сериозни резултати во борбата со криминалот просторот за маневри на премиерот Заев е целосно блокиран бидејќи сега и најдобрата владина мерка нема никако да ги воодушеви граѓаните кои се жедни за правда и враќање на довербата во институциите на системот. Државата во овој случај е целосно парализирана, економијата стагнира, а погледите кон иднината се затемнети од самоволието на алчни, неморални и бескруполозни групи и индивидуалци. 


Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

ДАЛИ 75 ГОДИНИ Е НОВИОТ ВОЗРАСЕН ПРАГ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ? Ни се заканува кошмар!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!

КОНЕЧНО Е НАПРАВЕНА ЛИСТА НА НАЈПЛАТЕНИ РАБОТИ ВО СВЕТОТ: Годината ја завршуваат со речиси 340.000 долари во џеб, ќе се изненадите кога ќе видите кој е прв на неа!