КАТАКЛИЗМИЧНИ ПОПЛАВИ ВО ГРЦИЈА: Загина човек во Солун, силниот порој го однел неговиот автомобил
Објавено во: Балкан 13 Јуни, 2021
Силно невреме ја пустоши Грција. Медиумите пишуваат дека поплавите се катализмични во некои делови од земјата. Еден човек загина во Солун кога поројните дождови го однеле неговиот автомобил. Според грчката противпожарна служба, безживотното тело на мажот било пронајдено во западниот дел на Солун, додека потрагата по неговото возило се уште трае, пренесува Танјуг. И главниот град на Грција, Атина беше зафатен од силното невреме, каде е предизвикана огромна штета. Жителите во повеќе населби во Атина останаа без струја, а штета е нанесена и во приградските населени места каде што реките се излеале од коритата.