Кастриот Реџепи верува дека ќе има двотретинско мнозинство за уставни измени

Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2022
Мислам дека секогаш ќе има совесни пратеници да го искористат уставно загарантираното право да гласаат по сопствено убедување, иако не би било во линија со партијата, вели независниот пратеник Кастриот Реџепи, кој беше исклучен од Беса откако пред точно една година ја спаси владата на СДСМ и ДУИ.
Тој во интервју за „Фокус“ вели дека ќе се обезбеди двотретинско мнозинство за уставни промени, неопходно за отворање на преговарачките поглавја со ЕУ.
„Верувам во тоа, зашто сам сум гласал против позицијата на политичката партија, иако немаше одлука на органите. Гласав различно од партијата“, рече Реџепи.
ВМРО-ДПМНЕ и Левица се против уставните измени со кои Бугарите ќе бидат внесени во Уставот.
Инаку, Реџепи на денот кога требаше да се гласа за доверба на Владата не дојде во Собранието.
Можеби ќе ве интересира
НАЈСКАПИОТ СТАН ВО СРБИЈА ПРОДАДЕН ЗА 2,5 МИЛИОНИ ЕВРА - најнов извештај на пазарот на недвижности, цената на квадратот лани пораснала за 13,7 отсто

ДАЛИ ТУПАНЧЕВСКИ Е ПРВА „ЖРТВА“ НА СЕ ПОИЗВЕСНИОТ ВЛЕЗ НА АЛИЈАНСА ВО ВЛАДА - неофицијално, СДСМ го дале ресорот правда на Алијанса

ПОТВРДЕН ПРВИОТ СЛУЧАЈ ВО СРБИЈА - паразит кој метастазира во телото и личи на канцерогено тело, еве за каква болест станува збор

ТРИ ПАТИ МЕРИ, ЕДНАШ СЕЧИ - Владата се огласи за средбата Ковачевски - Таравари, работните состаноци продолжуваат

ТАСЕВА: РЕЗУЛТАТОТ Е ЗАГРИЖУВАЧКИ, а веќе 20 години зборуваме за системска борба против корупцијата

ПОБЕДИ МАКЕДОНИЗМОТ ВО СКОПЈЕ: Лубомир Ќучуков очекува засилување на тензиите меѓу Македонија и Бугарија
Спасовски до Пандов: Постои полиција за чување на гробот на Гоце Делчев

ОСМАНИ ВО БРИСЕЛ: Еве со кои високи функционери денес има средби

Донација на Ракометната федерација за „СОС Детско село“
